Видео: Единствената тркачка Lada VFTS

YouTube
Моделот Lada VFTS е уникатен, таквите автомобили во осумдесеттите години од минатиот век се склопуваа во фабриката во Вилнус. Произведени се само 200 примероци неопходни за хомологација.

Тркачката верзија Lada VFTS претставува длабоко модернизиран фабрички модел. Под хаубата е сместен 2-литарски 4-цилиндричен мотор со сила од 160 КС. Комбиниран е со петбрзински механички менувач на „Опел Омега“, што го прави автомобилот со маса од 850 килограми мошне брз.

Моторот на VFTS е опремен со пумпа за гориво „Бош“, ладилник „Косворт“, карбуратор „Вебер“ и задна осовина „Волво“. Механизмот за управување е позајмен од возилото „Голф 2“ на „Фолксваген“ и е опремен со хидропојачувач. Вграден е и самоблокирачки диференцијал.

Единствениот модел на каросеријата доби преден сплитер, заштитни додатоци на лаковите над тркалата и заден спојлер. Тука се и кованите тркала „Алпина“ со полумазни гуми, безбедносен кафез вграден во кабината, спортски седишта и специјален волан. 

Во Естонија на продажба е понуден примерок на единствената верзија ВАЗ-2105 произведен 1994 година, тркачката варијанта Lada VFTS. Овие возила се склопуваа осумдесеттите години во Вилнуската фабрика за возила во СССР, а станува збор за ограничено производство од само 30 примероци. Минатата година во САД примерок на Lada VFTS се продаваше по цена од 40 илјади долари, додека сега еден сопственик во Естонија го цени својот автмобил 9999 евра. 

Прочитајте за новиот кабриолет „Крим“, направен од делови на „Лада“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња