Првиот автомобил на 76% Руси бил бела „Лада 2107“

screenshot SpeedMe — Life!

screenshot SpeedMe — Life!

Според резултатите на истражувањето на порталот за автомобили Avito првиот автомобил на мнозинството Руси бил Lada седан бела боја.

Во Русија на 29 октомври се одбележува Денот на возачот, па по тој повод порталот Avito направи истражување. 76 отсто од руските возачи изјавиле дека нивниот прв автомобил бил седан бела боја од домашно производство, при што половина од испитаниците изјавила дека првиот автомобил што го купиле бил произведен во фабриката „АвтоВАЗ“.

Познатата „Лада 2107“ мнозинството анкетирани ја опиша како „легенда на домашната автомобилска индустрија“, иако некои го нарекоа автомобилот и „самоодна количка“.

Љубителите на автомобили само за „Волга“ од сите домашни автомобили имаа исклучително убави зборови, користејќи изрази како „најдобриот домашен автомобил на 20 век“ и „машина од соништата“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња