Lada Sport Rosneft racer Hugo Valente takes part in a FIA WTCC Round 4 qualification race at the Moscow Raceway track in the Volokolamsky District of the Moscow Region. 11.06.2016
Alexey Kudenko/RIA NovostiГЛАВНАТА ПРОИЗВОДСТВЕНА ТРАКА НА АВТОВАЗ. ИЗВОР: СОЛОМОН/РИА НОВОСТИ
АвтоВАЗ е кратенка за името на фабриката „Волжска фабрика за автомобили”. Инаку, АвтоВАЗ е најголемиот руски производител на автомобили. Од производствените траки на оваа фабрика се симнуваа познати модели како „Жигули“, „Нива“, „Лада Самара“ итн. Фабриката е отворена во 1966 година како дел на советско-италијанската деловна соработка.
ТЕСТИРАЊЕ НА МОДЕЛИТЕ НА АВТО ВАЗ, 1975. ИЗВОР: Д.ГЕРМАН/РИА НОВОСТИ
Кон средината на шеесеттите години советската влада одлучи да направи автомобил за широките народни маси користејќи напредни технологии од странство. Италијанскиот „Фиат 124” е употребен како основа за првиот „Жигули 2101”, автомобил конструиран да се избори со острата советска зима. Првобитниот советско-италијански модел се произведуваше кон крајот на шеесеттите во градот Толјати, наречен по лидерот на италијанските комунисти. Иронично е што токму Палмиро Толјати беше главниот организатор на штрајкови во фабриките на Фиат во текот на дваесеттите години, кои го соборија на колена италијанскиот прозводител на автомобили.
ВАЗ-1111 (ОКА). ИЗВОР: САМОКВАСОВ/РИА НОВОСТИ
Италијанските стручњаци работеа на АвтоВАЗ-овите модели во првите години на нивното производство, а советските дизајнери започнаа со самостојна работа кон крајот на седумдесеттите.
ТАКСИ ЛИМУЗИНА ВО ХАВАНА, КУБА. ИЗВОР: РОЈТЕРС
Во прво време автомобилите на ВАЗ се извезуваа под оригиналниот назив „Жигули“. Меѓутоа, земајќи предвид дека тој поим ги асоцираше потенцијалните клиенти на зборот „жиголо“, извозниот бренд беше променет во „Лада“.
ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ПОМЕЃУ ЧЕХОСЛОВАЧКА И ИСТОЧНА ГЕРМАНИЈА, 1989. ИЗВОР: GLOBAL LOOK PRESS
Специјалистите од Фиат не беа единствените кои помагаа при дизајнот на возилата на „Жигули“. Инженери на Порше ја конструираа шасијата за моделот ВАЗ-2108. Порше дури понуди идејно решение за моделите ВАЗ-2101 и ВАЗ-2107, но советските инженери ги одбија нивните предлози за да им дадат предност на домашните технологии.
ВИКТОР КЉУШКИН/ТАСС
„Лада Нива“ (ВАЗ 2121) представува еден од најпопуларните извозни модели во гамата на ВАЗ. Моделот се извезуваше во над 100 земји и е единствениот советски автомобил кој се продаваше во Јапонија.
КИМИ РАИКОНЕН И ВЛАДИМИР ПУТИН ВО СОЧИ, 2016. ИЗВОР: AFP
Можеби e тешко да се поверува, но првиот автомобил кој познатиот ас на Формула 1 Финецот Кими Раиконен си го купил за себе бил „Лада”. Нејзиниот мотор Раиконен во целост го има ремонтирано.
АЛЕКСЕЈ ДРУЖИНИН / РИА НОВОСТИ
„Лада Калина“добро се продава во Финска. На овој пазар, меѓутоа, нејзиниот назив е променет во „Лада 199“, бидејќи „Калина“ на фински јазик значи „тропот" или „трескање". Во летото 2010 г. Владимир Путин, тогаш премиер на Русија, ја возеше Калина на релација од над 300 км на новиот автопат од Хабаровск до Чита, на рускиот Далечен Исток.
АВТОТРКА ВО МОСКВА, 2016. ИЗВОР: АЛЕКСЕЈ КУДЕНКО /РИА НОВОСТИ
„Лада Веста“ стана првиот руски автомобил опремен со ERA-GLONASS, систем за тревога кој по пат на мобилната мрежа испраќа СОС-сигнал во случај на некаква вонредна ситуација.
ИЗВОР: СЕРГЕЈ САВОСТЈАНОВ /TАСС
Еден од најновите брендови на АвтоВАЗ е кросоверот од средната класа „Лада XRay“, кој започна да се продава од 2016 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче