Спортскиот двосед „Крим“ развиен од дипломци на московскиот државен технички универзитет „Бауман“, во Севастопол
Василиј Батанов/RIA NovostiБлескавиот нов кабриолет со провокативен назив „Крим“ потсетува на „Порше Бокстер“ и на „Лотус“, а чини смешни 11000 долари. Направен е од „Лада“, но тоа воопшто не се гледа.
Неговиот дизајн е храбар: краток, блескав портокалово-црн кабриолет од спортски тип со мотор во задниот дел. Провокативниот изглед прави прототипот на новиот спортски автомобил воопшто да не потсетува на моделот Lada Kalina, од кој презеде 70% од деловите.
Никогаш не би погодиле дека новиот спортски автомобил со гордото име „Крим“ толку интензивно се потпира на повеќе од обичниот модел Lada Kalina. Екстравагантниот дизајн, имено, Русите на ниту еден начин не го доведуваат во врска со името на својот домашен бренд.
Освен тоа, конструкторите на новиот автомобил тврдат дека нивниот прототип е суштински независен од производната линија на Lada и дека, доколку биде потребно, истиот автомобил би можел да биде склопен врз основа на која било платформа која би одговарала на нивните потреби.
Кабриолетот од руско производство ќе биде претставен во три верзии: луксузна, средна и економска. За разлика од некои слични странски модели, категориите на цените не ги надминуваат само разликите во дизајнот, туку подразбираат и функционални разлики. На пример, луксузниот модел е потежок и има посилен мотор.
Меѓутоа, ветувањето дека ќе добиете „помоќен мотор“ не треба да го земете здраво за готово. Извештаите на медиумите укажуваат дека новиот мотор од 1600 кубици има само 106 коњски сили. Малата тежина на автомобилот (помалку од 900 килограми) го надоместува недостигот од сила, но на божемскиот спортски автомобил сепак му се потребни 8,5 секунди за да постигне брзина од 100 километри на час.
Во моментов инженерите работат на процена на побарувачката за нивниот спортски автомобил за да можат да ги прилагодат цените и дизајнот за потенцијалните купувачи. Меѓутоа, медиумите веќе проценуваат дека автомобилот ќе чини околу 11 илјади долари. Ако оваа прелиминарна процена е воопшто точна, побарувачката за евтиниот спортски кабриолет од домашно производство би можела вртоглаво да скокне кога автомобилот во наредните две години ќе дојде до производствената лента. Конструкторите веќе во оваа фаза бележат голем интерес на јавноста за нивниот производ.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче