„Стрижи“ и „Руски витези“ изведоа летови со лансирање ракети: видеоснимки од пилотската кабина

Kremlin Pool/Global Look Press
Пилотите полетаа од аеродромот Кубинка и применија ракети „воздух-воздух“ на полигонот Ладога.

Екипажите на групите за акробатски летови „Руски витези“ и „Стрижи“ изведоа заеднички маневри. Ловците полетаа од аеродромот Кубинка, а гаѓањето беше реализирано на полигонот Ладога.

Пилотите на групата „Руски витези“ првпат изведоа лансирање на наведувани ракети Р-73 со авиони Су-35С. Во маневрите беа користени ловци МиГ-29 и Су-30СМ. За време на воената вежба од еден авион беа исфрлани падобрански мети - имитации на различни цели кои ослободуваат топлина.

„Руските витези“ се единствената акробатска група во светот што користи тешки авиони-ловци.

Треба да се истакне дека „Витезите“ изведуваат акробатски фигури на сериски модели на борбени авиони и редовно демонстрираат исклучителна вештина. Групата е формирана 1991 година врз база на Првата авионска ескадрила на 234-от гардиски Проскуровски мешовит авијациски полк, базиран на подмосковскиот аеродром Кубинка. Групните и индивидуалните акробатски фигури се изведуваат со повеќенаменски ловци Су-27П и Су-27УБ кои имаат големи маневарски можности. Групата во 2016 година почна да користи нови авиони Су-30СМ, а во 2019 година доби нови модели Су-35С.

„Стрижи“ се акробатска група на Военото воздухопловство на Русија. Групните и индивидуалните акробатски фигури се изведуваат со повеќенаменски ловци Миг-29 со високи маневарски можности.

„Стрижи“ можат да изведуваат акробатски фигури во групи, во парови и поединечно. На нивниот репертоар се, меѓу другото, фигурите „пирамида“, „чекан“, „ѕвезда“, „стрела“, „крст“ и „крило“.

Заедно со „Руски витези“, „Стрижи“ ја изведуваат уникатната фигура „Кубински дијамант“, кога во мешовита формација летаат девет ловци Су-30 и Миг-29.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња