Бројни руски и странски претприемачи, а особено кинеските, се заинтересирани за руските автомобили од премиум класата од проектот „Кортеж“, кои на пазарот ќе бидат пласирани со ознаката „Аурус“, изјави раководителот на Центарот за компјутерски инженеринг, професор на Санктпетербуршкиот универзитет Алексеј Боровиков.
Еден од членовите на тимот кој работеше на развој на автомобилите од проектот „Кортеж“, професор Боровиков, изјави дека подолгиот список на заинтересирани е направен уште пред повеќе од година дена и дека се работи за десетици претприемачи од странство и Русија, а дека во најзаинтересираните спаѓаат Кинезите. Тој додаде дека ограниченото сериско производство на возилата од проектот „Кортеж“ ќе почне на почетокот на идната година.
Како што истакна тој, седанот, теренецот и минивенот од серијата „Аурус“ имаат големи шанси да станат профитабилни, но со изменети карактеристики во споредба со претседателскиот автомобил и со самото тоа со нивното поевтинување, што во никој случај не значи дека ќе бидат со полоши технички карактеристики.
Министерот за индустрија и трговија на РФ Денис Мантуров изјави дека сѐ уште не се префрлил на автомобил од проектот „Кортеж“ и дека тоа е пред сѐ прашање на време и на производствените капацитети. Во овој момент руските министри сѐ уште користат службени автомобили од марката BMW.
Моделите на новата марка автомобили „Аурус“ (ознаката настана од латинскиот назив за злато Aurum и зборот Russia) ќе ги носат имињата на кулите на московскиот Кремљ – „Сенат“ (седанот и лимузината), „Арсенал“ (минивенот) и „Командант“ (теренецот).
Владимир Путин на 7 мај на церемонијата на инаугурација во Големиот кремљовски дворец пристигна со новата лимузина од проектот „Кортеж“. Црната лимузина од премиум класата има карактеристична голема сребрена рамка на хаубата.
Путин се заложи за масовно производство на џиповите и седанот од проектот „Кортеж“, изразувајќи надеж дека овие возила ќе можат да ги набават луѓе со различни примања, а не само најимашливите.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче