„Комерсант“: Следен чекор на РФ може да биде признавање независни ДНР и ЛНР

По потпишувањето од страна на претседателот на Русија Владимир Путин на указот за привремено признавање на документите кои се издаваат на териториите на самопрогласените ДНР и ЛНР, следен чекор, како што претпоставуваат соговорниците на „Комерсант“ во Москва и Украина, може да биде признавањето на независноста на двете републики од страна на Кремљ.

Русија ги признава документите издадени во сампрогласените ДНР и ЛНР „за периодот до политичко регулирање на сируацијата во одделни реони на Донецката и Луганската област на Украина“, како што овие територии се наведени во „Минската спогодба“, пишува „Комерсант“.

„Многу сме ѝ благодарни на Русија за овој потег“, изјави политичкит претставник на ДНР во минската контакт-група Денис Пушилин, истакнувајќи дека Украина од своја страна се потрудила максмално да ги ограничи правата на граѓаните кои живеат во двете самопрогласени републики.

Својот указ Владимир Путин го потпиша поради континуираната економска блокада на самопрогласените републики, организирана од баталјоните на доброволците од украинска страна. Блокадата веќе доведе до запирање на работата на низа индустриски претпријатија кои продолжија со работа на териториите на ДНР и ЛНР. Во четвртокот, говорејќи на колегиумот на ФСБ, Путин изјави: „Гледаме сериозно заострување на ситуацијата на југоистокот на Украина. Целта на ова заострување е очигледна – неуспех на „Минската спогодба“. Претседателот на Русија смета дека Киев „очигледно не е подготвен за мирно решавање на овој сложен проблем и смета на насилно решение“.

Следниот ден лидерот на самопрогласената ДНР Александар Захарченко изјави дека републиките се подготвени по воен пат да ги вратат деловите од Донецката и Луганската област кои се под контрола на Украина.

Алексеј Чеснаков, близок до помошникот на претседателот на Русија Владислав Сурков, го нарече денеска потпишаниот указ „логичен чекор во услови на блокада на републиките на Донбас од страна на Украина“. Притоа тој истканува дека доколку Украина продолжи да го игнорира исполнувањето на политичките точки на „Минската спогодба“, Кремљ може да направи и нови чекори во пресрет на лидерите на самопрогласените републики. Украинскиот политолог Константин Батозски исто така смета дека овој указ се појави токму сега поради разочарувањето на руските власти од новата американска администрација и неуспешната релаксација: „Ова е знак дека Кремљ понатаму ќе се движи според осетинското и абхаското сценаро. Односно понатаму ќе има признавање на независноста и легализација на тамошното големо воено присуство“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.