Русија ги повикува политичките сили во Македонија на дијалог

МНР РФ изјави дека со загриженост ги примиле вестите за вооружениот инцидент во Куманово на северот на Македонија, пренесува ТАСС.

Москва е загрижена од заострувањето на ситуацијата во Македонија и ги повикува сите политички сили на конструктивен дијалог, се вели во изјавата на МНР РФ објавено денеска на сајтот на министерството што ја пренесува ТАСС.

„Предизвикува загриженост ерупцијата на антивладини истапи во Македонија последниве денови“, истакнаа од МНР РФ.

Според министерството, благодарение на адекватните дејствија на органите за спроведување на законот и властите на земјата се успева да се избегне ескалација на насилството.

„Сепак, изборот на низа опозициски движења и НВО, инспирирани меѓу другото од Запад, во полза на логиката на улицата и познатото сценарио за „обоена револуција“ е преполн со опасни последици. Тие можат да се продлабочат со меѓуетнички судири во мултиетничка Македонија и соседните зони на Балканот кои при крајот на 1990-те и почетокот на 2000-те години поминаа низ сериозни конфликтни искушенија“, истакнува дипломатскиот ресор на Руската Федерација.

ОД МНР РФ додадоа дека со загриженост ги примиле вестите за вооружениот инцидент во реонот на општина Куманово на северот на Македонија.

„Сметаме дека ситуацијата во најскоро време ќе биде нормализирана, а сите околности за настанот детално истражени“, изјавуваат од руското МНР.

МНР РФ ги повика сите политички сили на Македонија „на конструктивен дијалог, а меѓународната заедница, пред сѐ мисијата на ОБСЕ, да даде максимален придонес за тоа“. „Убедени сме дека тој дијалог треба да се реализира строго на инстититуционално-правно поле“, потенцираа од министерството.

„Тоа во најголема мера би одговарало на интересите на пријателска Македонија, на задачите за одржување и зајакнување на регионалната стабилност и безбедност“, пишува во соопштението на МНР РФ.  

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.