Путин потпиша указ за признавање на документи на ДНР и ЛНР

Руската Федерација признава документи издадени од самопрогласените ДНР и ЛНР.

Претседателот на Русија Владимир Путин го потпиша указот „За признавање во Руската Федерација на документи и регистрациски ознаки на транспортни средства, издадени на државјани на Украина и лица без државјанство со постојано живеалиште на територијата на одделни реони на Донецката и Луганската област на Украина“. Ова е направено „со цел заштита на правата и слободите на човекот и граѓанинот“.

„Државјаните на Украина и лицата без државјанство, со постојано живеалиште на територијата на одделни области Донецката и Луганската област на Украина, можат да реализираат влез во Русија и излез од Русија без визи врз основа на документи за идентификација..., издадени од страна на надлежните органи кои фактички важат на териториите на наведените реони“, се вели во текстот на указот.

Претходно портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека во Русија, наводно, се признаени пасошите на ДНР и ЛНР, а имателите на такви пасоши може да ги користат услугите на руските железници, авиокомпании и хотели. „Ова не е официјално признавање на пасошите, се работи за одделни одлуки кои можеа да бидат донесени од страна на општинските, локалните органи на власта, како и и од голем број на компании, поаѓајќи исклучително од хуманитарни причини, водени од потребата од реална хуманитарна помош за луѓето кои живеат во реоните на Донбас, кој, како што е познато, се ноѓа под строго  ембарго од страна на Украина“, изјави Песков, пренесува „Комерсант“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња