ДНР и ЛНР:Подготвени по воен пат да ги вратиме реоните контролирани од Киев

Лидерите на самопрогласените Донецка Народна Република (ДНР) и Луганска Народна Република (ЛНР) Александар Захарченко и Игор Плотницки на заедничка прес-конференција во Луганск потсетија за подготвеноста на бунтовниците да ги ослободат реоните на Донбас под контрола на Киев по воен пат, доколку не биде успешно решавањето на тоа прашање на политички начин.

„Ние секогаш кажувавме дека ослободувањето на окупираните територии на Донецката и Луганската област е наша колективна задача. И ние секогаш кажувавме дека е пожелно тоа да се направи со политички средства“, потсети Захарченко, додавајќи дека ако властите во Киев не го разбираат тоа, истото може да се постигне и со воени методи.

Лидерот на ДНР изјави дека ќе прави сѐ што може за своите земјаци. „На таа територија останаа нашите браќа и сестри. И оваа порака се однесува првенствено на нив - не сме ги заборавиле. Го паметиме својот долг пред Краматорск, ги паметиме стотиците и илјадниците измачувани луѓе, кои ги обвинија за сепаратизам и тероризам“, изјави Захарченко. Плотницки го поддржа својот колега, изјавувајќи дека „никогаш не сме ги сметале и нема да ги сметаме  привремено окупираните територии како загубени краеви за нас. Тоа е нашата родна земја, тоа се нашите драги луѓе и засега привремено се наоѓаат под окупација на фашистичка Украина“.

Според Захарченко, ова ќе ги натера светските лидери, а особено Европа, да се замислат и за три-четири дена да решат нешто.

Кремљ реагираше преку својот портпарол Дмитриј Песков, објаснувајќи ги изјавите на Захарченко и на Плотницки со емоции. „Тоа е, за жал, емоционалната позадина што ја придружува тензијата која ние, за жал, ја констатираме на линијата на разграничувањето“, посочи Песков, додавајќи дека „таквите изјави - тие не се во насока на „Минската спогодба“, пренесува „Комерсант“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња