За 24 часа шестмина руски спортисти обвинети за допинг

Покрај Марија Шарапова, уште петмина руски спортисти биле позитивни на допинг-тестовите.

Четворица руски спортисти беа обвинети за употреба на забранети препарати откако тенисерката Марија Шарапова и уметничката лизгачка Екатерина Боброва признаа дека употребувале допинг. Позитивен резултат од тестот имаше и кај Семјон Елистратов, кој се настапува во брзо лизгање на 110 метри, лизгачот Павел Кулижников, одбојкарот Александар Маркин и атлетичарот Алексеј Ловчев. Во примероците за допинг кај сите спортисти, освен кај Ловчев, беше пронајден препаратот мелдониум, забранет од 1 јануари 2016 година.

Семјон Елистратов и Павел Кулижников се откажаа од учество на следните турнири. Елистратов, олимпискиот шампион од Сочи-2014 во штафета, ќе го пропушти светското првенство во Сеул  што ќе се одржи од 11 до 13 март. Претходно беше објавено дека Елистратовнема да учествува на турнирот поради грип. Кулижников, петкратен шампион на светот во брзо лизгање, нема да настапи во финалето на Светскиот куп. Двајцата спортисти побарале повторен допинг-тест. Доколку се покаже дека тестовите се позитивни, им се заканува квалификација. Кулижников може да биде отстрането доживотно од натпреварувањата, затоа што веќе беше дисквалификуван на две години за користење на метилхексанамин и дисквалификацијата ќе биде за него повторна.  

Подоцна во вторникот се објави дека позитивен на милдронат (трговски назив на препаратот мелдониум) е и одбојкарот на Русија Александар Маркин, шампион на Универзијадата-2015 и на Европските игри-2015. Одбојкарската федерација ја потврди информацијата, пренесува РБК. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња