Рускиот лизгач Павел Кулижников постави светски рекорд во спринт

Кулижников стана првиот руски рекордер по распадот на СССР

На 15 ноември рускиот лизгач Павел Кулижников постави светски рекорд на трката во 500 метри, рушејќи го осум години стариот рекорд на Канаѓанинот Џереми Вотерспун. Рекордното време беше постигнато од страна на 21-годишниот Русин на Светскиот куп во Калгари. Во втората натпреварувачка трка Кулижников ја помина дистанцата за 34,00 секунди - за 0,03 побрзо од претходниот рекорд што Вотерспун го постави на 9 ноември во американскиот Солт Лејк Сити.

„Рекордот на Вотерспун е симболичен за брзото лизгање“, ги цитира „Р-Спорт“ зборовите на тренерот на Кулижников Дмитриј Дрофеев. „Канаѓанинот го постави затоа што беше крајно мотивиран. На технички план нему му немаше рамни. Јас и сега не можам да видам кој може да лизга исто како Џереми. Тоа технички е многу сложено. Сепак на Кулижников тие елементи сепак му успеваат“.

Светските рекорди беа недостижни за руските лизгачи од 1989 година. Последен пат советскиот спортист Игор Железовски успеа да стане рекордер во трките на 1000 метри во 1989 година (1.12,58). Последниот рекорд во брзо лизгање го постави американецот Шани Дејвис на истата дистанца од  1000 метри - 1.06.42.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња