Шарапова „падна“ на допинг-тест

Руската тенисерка Марија Шарапова на конференција за новинарите во Лос Анџелес објави дека била позитивна на допинг-тест, дека користела забранети супстанци и дека во целост ја презема одговорноста врз себе.

Светската тениска асоцијација прелиминарно ја суспендираше тенисерката Марија Шарапова од сите турнири почнувајќи од 12 март, беше објавено на сајтот на организацијата.

Федерацијата ја потврди изјавата на спортистката дека користела забранет препарат и дека тоа е регистрирано на допинг-тестот за кој бил земен примерок во текот на Отвореното првенство на Австралија. На 2 март Шарапова е обвинета за користење на недозволената супстанца мелдониум.

„Бидејќи мелдониумот е ставен на листата со забранети средства, госпоѓа Шарапова првремено ќе биде суспендирана од натпреварувањата, од 12 март па до донесувањето на одлука за нејзиниот случај“, се вели во соопштението.

Претходно Шарапова на вонредна прес-конференција за новинарите во Лос Анџелес објави дека била позитивна на допинг-тест. Тенисерката призна дека го користела препаратот последните десет години и дека не знаела дека е забранет од 1 јануари годинава.  

„Тоа беше моја грешка и сносам целосна одговорност за тоа. Ги изневерив навивачите и своето семејство. Не знам какви ќе бидат последиците. Се надевам дека ќе имам уште шанси да играм тенис“, рече Шарапова.

28-годишната тенисерка се нема појавено на тениските терени од 26 јануари кога загуби од Серена Вилијамс во четвртфиналето на Отвореното првенство на Австралија, пренесува „Лента.ру“.

На ранг-листата на СТА Марија Шарашова се наоѓа на седмото место. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња