На денешен ден: 75 години од Сталинградската битка која ѝ го скрши `рбетот на нацистичка Германија

Zelma/Sputnik
Во Русија денес се одбележува 75-годишнината од победата на советската војска над силите на нацистичка Германија во најголемата битка во Втората светска војна која воедно и го промени нејзиниот тек. Силите на Третиот Рајх повеќе не можеа да се повратат од тешкиот пораз што им го нанесе Црвената армија, па така патот до конечната победа над силите на Оската беше јасно навестен и поставен.

Сталинградската битка се водеше од 17 јули 1942  до 2 февруари 1943 година. Во една од најкрвавите битки што ги памети историјата на човештвото, советската војска загуби повеќе од 470 илјади луѓе, додека на страната на германските агресори и нивните сојузници загинаа 500 илјади. Битката е завршена со тежок пораз на германските сил и капитулација на Шестата армија опколена во урнатините на Сталинград, а нацистичкиот командант, фелдмаршалот Паулус и 24 генерали се предадоа.

Документарни сведоштва и архивски материјали, како и бројни информации кои фрлаат нова светлина на тие трагични и херојски настани се достапни на сајтот на Министерството за одбрана на РФ и  руското Воено-историско друштво.

Во поранешниот Сталинград, денешен Волгоград, се одржува една од најимпозантните прослави на големиот историски датум кој се одбележува ширум Русија, а на која присуствува и претседателот на државата Владимир Путин.

Повеќе од 1500 војници, 60 единици техника, 50 авиони и хеликоптери учествуваат во големата воена парада, чија круна претставува настапот на акробатската пилотска група „Стрижи“.

Прочитајте повеќе за Сталинград и пресвртот во светската историја

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња