Фридрих Паулус во штабот на Црвената армија во Сталиниград
APВо јануари 1943 година поразот на Третиот Рајх во легендарната битка за Сталинград веќе е очигледен. Исцрпувачката борба што го менува текот на Втората светска војна, продолжува шест и пол месеци (од јули 1942 година). СССР губи повеќе од еден милион војници, а Германија 950.000. Шестата армија, под раководство на генерал-полковник Фридрих Паулус, е опкружена, до поразот остануваат неколку дена.
Во оваа ситуација Адолф Хитлер го наградува Паулус со едно од највисоките признанија на Рајхот и го зголемува во звање фелдмаршал. Во последната порака фирерот прави недвосмислено навестување: „Досега ниту еден германски фелдмаршал не бил во заробеништво“. Хитлер очекува дека Паулус кој е во опсада ќе изврши самоубиство. Но фелдмаршалот избира да живее и да се предаде на 31 јануари 1943 година.
Капитулацијата на Паулус
За Москва, фаќањето на Паулус е важно не само во однос на престижот. По нападот на Германија против СССР советските власти заедно со германските комунисти кои емигрирале во СССР уште во триесеттите години од минатиот век по доаѓањето на власт на нацистите, се обидуваат да создадат антифашистичката организација во круговите на воените затвореници.
По Сталинградската битка, која сериозно ја поткопува вербата на Германците во победата, во заробеништво се наоѓаат над 91 000 поранешни војници на Вермахтот и има поволни услови за „лансирање“ на таква организација. Прво во јули 1943 година е формиран Национален комитет „Слободна Германија“, а потоа и „Сојуз на германските офицери“ под раководство на заробениот генерал Волтер фон Зејдлиц-Курцбах. Но, авторитетот на овој генерал не е доволен за успешна антинацистичка пропаганда. Неопходно е советската моќ да има вистински германски тип, како што е Фридрих Паулус.
Современиците го опишуваат Паулус како одговорен и прецизен војник, достоен офицер и маж. Сепак, како што пишува во својата книга „Катастрофата на Волга“ германскиот историчар Јоаким Видер, тој не е талентиран војсководец и се чувствува поудобно во штапската работа отколку да командува со војската. Паулус беше важна личност и учествуваше во разработката на озлогласениот план „Барбароса“ за нападот врз СССР.
За време на целата војна, пред Сталинград, Паулус е началник на штабот на својата армија, односно работи во тилот и се занимава со документи. „Наредбата за назначување на позицијата командант 6 армија во 1942 година за Паулус е пресудна. Никогаш пред тоа тој не командувал дури ни полк“, забележува Вајдер.
Капитулацијата на Паулус. Извор: Wikipedia
Друга слаба точка на Паулус, според Вајдер, е слепата вера во Хитлер. Одбивањето да изврши самоубиство е прв пат чиновникот да не ја исполни волјата на Фирерот. Дури и по падот во заробеништво, фелдмаршалот наведува дека тој останува националистички социјалист.
Кога дознава за создавање на антифашистичкиот „Сојуз на германските офицери“, Паулус најпрво „остро го осудува Сојузот и писмено се одрекува од сите германски воени затвореници кои влегле во него“, вели историчарот Михаил Бурцев.
Паулус ја чита изјавата за „Слободна Германија“. Пред него стои Сејдлиц. 14 август 1944 г.. Фотографија од архива.
Кратко потоа, Паулус ја променил својата гледна точка. Врз него влијаел психолошкиот притисок (во вилата Дуброво крај Москва, каде што тој живее, секој ден го убедувале да премине на страната на СССР), а и самиот тек на војната. Сојузниците најдоа втор фронт и Третиот рајх доживеа сериозни порази во Африка и кај Курск. Улога одиграло и спроведувањето смртната казна во Германија на пријателот на Паулус, генерал-фелдмаршал Ервин фон Вицлебен. Поради неговата вмешаност во заговорот против Хитлер, тој бил застрелан на 20 јули 1944 година.
На 8 август 1944 година, година и пол откако бил заробен, фелдмаршалот Паулус во етерот на радио „Слободна Германија“ има обраќање кон војниците на Вермахтот: „За Германија војната е изгубена. Во оваа ситуација земјата се најде како резултат на раководството на Адолф Хитлер. Германија мора да се откаже од Хитлер“.
Извор: Wikipedia
Ова е прв, но не и последен антихитлеровски говор на Паулус. Тој влегува во редовите на „Сојузот на германските офицери“, по негова иницијатива се напишани повеќе обраќања кон германскиот народ. Како што истакнува историчарот Владимир Марковчин, Паулус дури барал лична аудиенција кај Сталин, но тој одбива да се сретне со заробениот Германец.
Една од главните антинацистски говори на фелдмаршалот е на седница на Нирнбершкиот процес на 11 и 12 февруари 1946 година Како учесник во изработката на планот „Барбароса“ тој е важен сведок на обвинителството во случајот против генералите Вилхелм Кајтел и Алфред Јодл (и двајцата се осудени на смрт).
По Нирнберг Паулус се враќа во СССР, каде што живее во вила крај Москва без право да ја напушти земјата и до смртта на Сталин во 1953 година неговите повеќекратни молби да се врати во Германија се одбиени. Работата со советските власти продолжува - Паулус е главен консултант на филмот „Сталинградската битка“ на Владимир Петров (1949). По смртта на Сталин Паулус го напушта засекогаш СССР и живее во Дрезден, ГДР, каде умира од болест во 1957 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче