Алексеј Милер најави дека „Турски тек“ наскоро ќе проработи

Kremlin Pool/Global Look Press
Испораката на руски гас преку новиот извозен гасовод „Турски тек“ почнува за неколку дена, соопшти шефот на „Газпром“ Алексеј Милер.

„За неколку дена  почнуваме со испорака на гас преку морскиот гасовод „Турски тек“, а пред нас е и завршетокот на изградбата на „Северен тек 2“, рече Милер, пренесува РИА „Новости“.

Тој додаде дека „новите поморски магистрали ќе ја зголемат енергетската безбедност на европскиот регион и ќе ѝ помогнат на Европа да ги постигне еколошките цели“.

„Турски тек“ има две линии. На морската делница секоја има проток од 15,75 милијарди кубни метри. Првата е наменета за турските потрошувачи, а втората за снабдување со гас на земјите од јужна и југоисточна Европа. Церемонијата на свеченото отворање на „Турски тек“ е планирана за 8 јануари во Истанбул со учество на лидерите на двете земји.

Бугарија веќе го најави датумот на пуштање на рускиот гас во Србија преку „Турски тек“. И Унгарија изрази желба да се приклучи на гасоводот.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња