Москва смета дека Анкара ја премина границата на дозволеното, што може да ја стави Турција во тешка ситуација, изјави шефот на МНР РФ Сергеј Лавров, пренесува РИА „Новости“.
„Сметаме дека турското раководство ја премина границата на дозволеното и ризикува да ја стави Турција во тешка ситуација и од гледна точка на долгорочните национални интереси, и од гледна точка на положбата во регионот“, изјави Лавров на почетокот на разговорите со шефот на МНР Сирија Валид Муалем.
Лавров ја даде изјавата во контекст на соборувањето на рускиот Су-24 од страна на турската авијација.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче