На трасата на кракот на „Турски тек“ што минува низ Србија откриени 54 археолошки локалитети

Jens Büttner/Global Look Press
За време на подготвителните работи беа пронајдени бројни артефакти од далечното минато.

Ова му беше кажано на дописникот на ТАСС од службата за односи со јавноста на главниот изведувач на работите на овој гасовод, компанијата IDC (Infrastructure Development and Construction).

За време на изградбата беа ангажирани осум археолошки екипи кои извршија обемни археолошки истражувања и ископувања пред да бидат поставени цевките. По должината на трасата на кракот на гасоводот што поминува низ Србија се наоѓаат 54 археолошки локации. Стручњаците не беа изненадени од присуството на историски вредности.

За време на работите на подрачјето на Петроварадин е пронајден  скелет од четвртиот или петтиот век од новата ера, додека во близина на Сента е откриена голема античка населба која датира од периодот на третиот и четвртиот век од новата ера.

Петроварадин

Пронајдените артефакти сведочат за тоа дека во античко време на тие места биле присутни племиња Сармати. По неопходните проучувања ќе биде организира изложба на сите наоди до кои се дојде за време на работите за изградба на гасоводот. Исто така, ќе биде објавен и специјален албум со информации за секој пронајдок.

Градителите им дозволија на археолозите да работат на мира, давајќи им можност да се запознаат со старите гробишта и да ги однесат и зачуваат сите вредни ископувања. Археолошките делници на тој начин беа заобиколени, а со поставувањето на цевките се продолжи по должината на трасата, за по завршувањето на ископувањата да се вратат на местата што беа прескокнати. Без оглед на тоа, цевките на гасоводот беа поставувани со завидно темпо, соопштија службата за односи со јавноста.

Во овој момент археолозите продолжуваат да ги проучуваат пронајдените артефакти. Кога ќе заврши оваа работа, ќе се одржи прес-конференција на која ќе бидат прикажат најинтересните наоди.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња