Путин првпат отворено и остро ја критикува Бугарија за кочење на „Турски тек“

Global Look Press
Бугарската страна свесно ја одолговлекува реализацијата на овој проект на нејзината територија, а Москва во повеќе наврати ја молеше да ги забрза работите. „Не им е пријатно што Бугарија е толку лојална членка на НАТО и ЕУ“, одговори Борисов.

„Ако раководството на Бугарија не сака да соработува, ќе најдеме други опции да го реализираме проектот на југот на Европа“, се потсети Путин.

Во септември 2019 година беше соопштено дека бугарскиот оператор „Булгартрансгаз“ по речиси половина година административно и судско одолговлекување не можеше да го потпише договорот со конзорциумот „Аркад“ за изградба на еден од двата крака на „Турски тек“, гасоводот кој во Бугарија го нарекуваат „Балкански тек“.

Делницата низ Бугарија би имала должина од 474 км и би ги поврзувала Турција и Србија.

Како одговор на изјавата на рускиот претседател, бугарскиот премиер Бојко Борисов рече дека „Бугарија е во согласност со процедурите на Европската Унија“. Според неговите зборови, „секој има право да бара алтернативни правци, а ние бараме алтернативна диверзификација“. 

„Мојот одговор до претседателот Путин е: добредојде, па нека види со која брзина градиме во просек 5 км на ден“, рече Борисов и додаде дека земјата се придржува кон процедурите и затоа е сигурно дека гасоводот ќе биде изграден. „Веќе ископавме 140-150 км... А дури кога следната година ќе имаме такви огромни капацитети и подготвени гасни магистрали, верувајте ми, и за рускиот гас тоа ќе биде единствената брза и добра алтернатива“, коментираше бугарскиот премиер.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња