Од 1 јануари гасот од „Турски поток“ ќе потече кон Македонија и Грција

turkstream.info
Бугарската страна е подготвена од почетокот на следната година од гасоводот „Турски тек“ да обезбеди транзитни испораки на гас за Грција и Македонија.

Ова го изјави извршниот директор на компанијата „Булгартранзитгас” Владимир Малинов во интервју за весникот „24 часа“.

„Ние сме подготвени дури и ако од почетокот на годината преку Трансбалканскиот гасовод преку Украина биде запрен транзитот на руски гас. На 30 ноември Турција го направи „златното“ заварување што го поврза „Турски тек“ со нашиот гасовод „Балкански тек“. Веќе неделава „Балкантранзитгас“ почнува да ја полни со гас делницата на гасоводот долга 11-километри на својата територија, а Турција делницата од 140 километри. Ќе бидеме подготвени до 15 декември, а тие, се надевам, до 20 декември“, соопшти Малинов.

Директорот на бугарската компанија за гас рече дека поставувањето на цевките до границата со Србија на делницата на гасоводот „Балкански тек“ долга 308 км ќе биде завршено на 31 мај. Потоа испораките преку гасоводот ќе можат да се реализираат во количина од 8,75 милиони кубни метри гас дневно. Дотогаш гасот преку територијата на Бугарија ќе тече преку постојната гасоводна мрежа.

Новиот гасовод „Балкански тек“ преку територијата на Бугарија, долг 484 километри, треба да биде завршен до крајот на 2020 година.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња