Авиобазите во Источниот воен округ (ВВО) ќе добијат над 40 хеликоптери Ми-8АМТШ и Ка-52 до крајот на 2013 година, изјави за новинарите началникот на ВВО, потполковник Александар Гордеев.
„Летниот состав на авиобазата во специјализирани центри на Руското воено воздухопловство веќе ја помина обуката за управување со новите хеликоптери и е подготвен за извршување на наставните и борбените задачи“, изјави Гордеев.
Хеликоптерот Ми-8АМТШ „Терминатор“ е наменет за борба против подвижни и неподвижни цели на земја и на вода, за уништување на жива сила, превоз на воен товар, десантни единици и ранети, како и за евакуација и спасување.
Повеќенаменскиот хеликоптер за сите временски услови Ка-52 „Алигатор“ е наменет за решавање на задачи од широк спектар со користење на сите расположливи средства кои му стојат на располагање.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче