Како што изјавија од Академијата за весникот „Известија“, Центарот за воени игри на катедрата за воена команда на академијата на Генералштабот веќе почна со работа.
Во Центарот за воени игри борбените дејствија ќе бидат во целост компјутерски моделирани, што потсетува на видеоиграта „стратегии“ во која можат да се придвижуваат виртуелни војски, велат од Министерството за одбрана на Русија. Како што се нагласува, тоа на слушателите ќе им помогне во текот на командно-штапските вежби максимално веродостојно да ги визуелизираат задачите за оперативно распоредување на сили и водење на операции на разни нивоа.
Генералската игра се разликува од цивилните симулатори со максималната веродостојност. Единиците во игра се реално постоечки бригади и дивизии на руската војска, а базите на податоци за противникот се формираат врз основа на актуелните разузнавачки податоци. Сценаријата за водење на борби се развиени врз база на искуствата од борбените дејствија.
Воениот експерт Виктор Мураховски нагласува дека Центарот за воени игри ќе придонесе за зголемување на ефикасноста на обуката на слушателите на академијата на Генералштабот, каде се одвива обука за оперативниот раководен кадар, почнувајќи од општовоениот па нагоре. Тој нагласува дека станува збор за високотехнолошки командно-штапски тренажер за повисоките органи на воената команда.
Од деведесеттите години на минатиот век во Министерството за одбрана на САД постои управа за моделирање чија главна задача е развој на архитектура за интеграција на природни, виртуелни и конструктивни средства за моделирање. Со цел создавање на борбена атмосфера американската војска обединува реални воени сили и виртуелни тренажери или симулатори. Со помош на компјутери се создаваат виртуелни војски.
Во мај оваа година Министерството за одбрана на Русија организираше натпреварување во компјутерската игра World of Tanks за учениците од средните воени школи.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче