Илјадници луѓе протестираа против преместувањето на слики од Ермитаж во Москва

Повеќе од три илјади луѓе потпишаа петиција против преместувањето на слики од импресионистите од Државниот музеј Ермитаж во Москва.

Повеќе од три илјади луѓе потпишаа петиција против преместувањето на слики од импресионистите од Државниот музеј Ермитаж во Москва.

Петицијата стана одговор на предлогот на директорот на Пушкиновиот музеј, Ирина Антонова повторно да се формира Музејот на новата западна уметност, кој престанал со своето функционирање во 1948 година по наредба на Сталин. За време на „директната линија“ со Путин, Антонова го замоли претседателот да го разгледа прашањето за враќање на сликите од Ермитаж во главниот град.

Како одговор на ова, Путин изјавил дека не е против враќањето на делата, но, сепак, забележал дека тоа треба да се решава во Министерството за култура, разгледувајќи ги мислењата на експертите и музејските работници. Михаил Пиотровскиј, директор на Ермитаж, веднаш истапил против оваа идеја.

Во петицијата се забележува дека преместувањето на оваа колекција, која извршила огромно влијание врз развојот на уметноста во Петербург во втората половина на ХХ век, ќе биде трагично за градот, а барањето на Антонова го нарекуваат „апсурдно“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.