- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон! Ако „Фејсбук“ одбива да ги споделува нашите објави, со „Телеграм“ сме секогаш со вас!
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
12 јуни е национален празник наречен Ден на Русија. Тој го означува почетокот на модерната историја на оваа земја. Пред тоа постоеше Руската империја, потоа Советскиот Сојуз, а на 12 јуни 1990 година беше усвоена декларација за државен суверенитет и Русија стана независна модерна држава - Руска Федерација.
Значи, што се слави на тој ден? Во центарот на вниманието е самата Русија. А Русија ја сочинуваат околу 145 милиони луѓе во 85 региони и 11 временски зони на територија од 17 милиони квадратни километри. Во неа живеат преку 190 етнички групи кои зборуваат на 270 јазици и дијалекти и припаѓаат на различни религии (руското православие, исламот, будизмот и јудаизмот се најбројни религии).
Ова се некои од најкарактеристичните и најубави места во оваа голема земја.
Москва, главниот град на Русија и нејзината позната црква „Св. Василиј Блажени“ на Црвениот плоштад
Legion Media
Величествениот дворец Петерхоф во Санкт Петербург, градот што го изградил Петар Велики за да отвори „прозорец“ кон Европа
Legion Media
Островот Кижи во Карелија, каде што се наоѓа најстарата зачувана дрвена црква во Русија
Legion Media
Ластовичкино гнездо на Крим, замок на врв на карпа во Јалта, на брегот на Црното море
Legion Media
Поларна светлина кај Мурманск, најголемиот град на светот зад Северниот поларен круг
Legion Media
Суздаљ, „најрускиот“ град во кој можете да ја доживеета атмосферата на стара Русија.
Legion Media
Тврдината Нарин-Кала во Дербент во Дагестан, еден од најстарите градови во Русија и на светот
Serguei Fomine / Global Look Press
Белогорскиот манастир во Перм, место на Урал кое зиме изгледа како од бајка
Legion Media
Бајкалското езеро, најголемото слатководно и најдлабоко езеро на светот
Getty Images
Чарскиот песочник, фасцинантна пустина опкружена со снежни планини во рускиот Сибир
Yelena Stogova
Ленските столбови, фасцинантни варовнички карпи во Република Саха (Јакутија)
Vsevolod Pulya
Ханти-Мансијск, северната земја со остатоци од мамути
Legion Media
Камчатка, земја на вулкани, гејзири и мечки
Alexander Bichenko / Legion Media
Живописен светилник во Владивосток, источниот мегалополис до кој води Транссибирската железничка магистрала долга 9000 километри
Јуриј Смитјук / TASS
Калининград, руската енклава во Европа, и неговата танцувачка шума на Курскиот провлак
Legion Media