Песок меѓу езерата и планините: Руската пустина што ќе ве маѓепса

Сергеј Доља
Чарската шумска дина изгледа како вистинска пустина опкружена со езера, со реки и со снежни планини. Навистина е неверојатна.

1. Чарските песоци во Сибир се веројатно најнеобичната пустина на светот.

2. На некој начин тоа е всушност обична пустина со високи дини и песочни бури.

3. Меѓутоа, оваа мала пустина (само 5 х 10 километри) е опкружена со тајга, со реки, со мочуришта и со извори. Тука нема да умрете од жед.

4. Освен тоа, само неколку километри од ова чудно парче песочна идила се наоѓа планината Кодар покриена со снег.

5. Чарските песоци настаналe пред околу 40.000 година на местото каде некогаш се наоѓало древно езеро кое пресушило.

6. А, сега слушнете го ова! Во текот на зимата пустината е покриена со снег, а температурата паѓа до -50 степени Целзиусови!

7. Пустината завршува нагло. Никаков преоден појас не ги дели песочните дини од шумите и тресиштата. На крајот на Чарските песоци се гледаат две езера (Аљонка и Тајожное) од кои започнува шумовит терен.

8. Поради ветриштата песоците полека се придвижуваат кон североистокот и тајгата.

9. Чарските песоци се популарно туристичко место. Иако најблиското населено место е оддалечено само 10 километри, до него се стасува тешко. Најпрво ќе морате да минете две реки: Среден Сакукан и Чара, кои се познати по своите брзаци.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња