Ерупции на вулкани на рускиот полуостров Камчатка: Глетки со нестварна убавина (ФОТО, ВИДЕО)

Институт вулканологии и сейсмологии ДВО РАН
Вулканите проработеа на 22 октомври оваа година. Станбените објекти што се наоѓаат во близина беа покриени со пепел, а туристите замолени да не им приоѓаат на вулканите.

Ерупцијата на вулканот Безимен (рус. Безымянный) на полуостровот Камчатка на рускиот Далечен Исток почна во 08:22 часот по локално време (среда 23:22 часот по московско време), а исфрлениот пепел достигнуваше висина од десет километри, се наведува на сајтот на Камчатскиот огранок на Федералниот истражувачки центар „Единствена  геофизичка служба“ на Руската академија на науки.

Како што од истражувачкиот центар објаснуваат, активноста на вулканот е значително зголемена уште од почетокот на октомври оваа година, а на петти октомври управата на Министерството за вонредни состојби за Камчатскиот регион предупреди за можна ерупција. Покрај тоа, беше регистрирана ерупција на соседниот вулкан Кључевски, наведоа претставниците на Центарот.

Вулканот Безумен исфрли пепел што дојде до две дестинации, недалеку од местото на експлозијата, во селото Ласо и во селцето Атласово во Милковскиот реон, пренесе новинската агенција „Камчатка-Информ“ повикувајќи се на управата на Министерството за вонредни состојби за Камчатскиот регион. Туристите се замолени да не ги посетуваат вулканот и неговата околина.  

🌁 ПЕПЕЛ БЕЗЫМЯННОГО ВЧЕРА ПРИСЫПАЛ ПОСЁЛОК АТЛАСОВО И СЕЛО ЛАЗО НА КАМЧАТКЕ. Как сообщают в МЧС, толщина слоя – до...

Опубликовано Информационное Агентство "41" Четверг, 22 октября 2020 г.

Присуството на сулфур и други корозивни елементи во воздухот може да предизвика различни видови здравствени проблеми (алергиски реакции, болести на респираторниот тракт и др.), труење на животните и водата во отворени басени, како и оштетување на опремата, наведе групата на Министерството за вонредни состојби на руската социјална мрежа „ВКонтакте“.

Вулканот Безимен се наоѓа во централниот дел на Кључевската група вулкани, југозападно од вулканот Кључевски, формиран е пред пет до пет и половина илјади години, а висок е 2882 метра, се наведува на сајтот посветен на Камчатскиот регион. Висината на вулканот Кључевски изнесува 4750 метри, а е формиран пред седум илјади години.

Последната ерупција на вулканот Безимен е забележана минатата година, кога беше исфрлена пепел 15 километри во висина. Најсилната ерупција се случи на 30 март 1956 година. Вулканот исфрли пепел цели 35 километри во висина, а по експлозијата се формираше кратер во вид на потковица со пречник преку еден километар.  

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња