Фотографии: Вилијам Брумфилд.
Некогаш шумите на северна Русија меѓу езерото Ладога и Белото море биле преполни со дрвени цркви. Денес се сочувани само неколку драгоцени примери, од кои најпознати се оние од архитектонскиот комплекс на островот Кижи, еден од околу 1400 острови на езерото Онега. Оддалечено од копното, островот со своите живописни пејзажи долго време бил сметан за свето место.
Повеќе од еден век водечките руски институции вложуваат напор да се заштити ова културно наследство. Во 1966 година Кижи доби статус на национален музеј на архитектурата и историјата, а во 1990 островот беше внесен во списокот на Светското наследство на УНЕСКО. На островот Кижи се наоѓаат некои од најстарите сочувани примери на руските дрвени градби, вклучувајќи и една мала црква посветена на Воскресението Лазарово, која најверојатно е изградена на крајот на 14 век.
Првокласен пример на руската дрвена архитектура е храмот посветен на Преображението Господово, изграден во 1714 година, наводно во чест на победата на Петар Велики над Швеѓаните, иако оваа црква постоела уште од почетокот на 17 век. Храмот се наоѓа на отворен простор на југозападниот дел од островот, во средиштето на погостот (овој термин во почетокот на 18 век почнал да означува оградени гробишта со порохиска црква).
Црквата на Преображението Господово е направена без ниту еден клинец. Нејзините куполи се покриени со преку 30 илјади густо набиени штички од јасен.
Како и црквата на Св. Василиј Блажени на Црвениот плоштад во Москва, главниот кишки храм со своите многубројни куполи остава впечаток на силна длабочиност и сложеност, иако неговиот изглед се засновува на строга структурална и естетска логика. Неговата силуета во облик на пирамида што се стреми кон небото (висока 37 метри) од голема далечина наговестува дека се приоѓа кон свето место, додека дизајнот на самата структура ја засилува таа улога со секој свој детаљ. Централниот дел на црквата Преображение е осумаголник на три нивоа, потпрен со продолжетоци („раце‘‘) на сите четири страни на светот. Овие продолжетоци исто така имаат нивоа, кои претставуваат платформи за дополнителни куполи. На самата конструкција има дваесет куполи, една е на врвот и уште една е на источната страна над апсидата. Оваа замрсена мрежа од куполи и од други делови на дрвената конструкција е истакната и со природни особености на различни видови дрво: темни ѕидови од старо борово дрво и сјајни сребрени куполи покриени со над 30 илјади густо нагиени лачни покривни штички од јасика.
Ваквиот сложен дизајн на покривниот дел на структурата овозможува ефикасно проветрување кое го чува храмот од пропаѓање. За високите цркви-брвнари на северот од Русија е карактеристично тоа што куполата не можела да се види однатре, зашто на централниот дел на црквата имало свод („небо‘‘) на кој биле насликани фрески на светители и архангели. Ова „небо‘‘ било врв на многу религиозни претстави од иконостасите пред олтарот. За жал, кишкиот свод е уништен за време на Втората светска војна. Знаеме како изгледало единствено од сочуваните црно-бели фотографии.
Градителите предвиделе храмот на Преображението да се користо само за време на големите летни црковни празници. Во Русија многу често храмовите биле градени во двојки – еден за служба налето, а друг за во зимскиот период. Зимскиот храм на островот Кижи е изграден во 2964 година и е посветен на Покровот на Пресвета Богородица. Тој е споен со летната црква и на целиот комплекс му дава убав визуелен додаток. Додека црквата на Преображението со својата структура е устремена кон небото, црквата на Покровот со својата проширена трпезарија има акцент на хоризонталата. Круна од осум помали куполи кои ја опкружуваат главната купола над осумаголниот центар претставува воедно и драматично и смирувачко решение, кое на тој начин повеќе го надополнува обликот на храмот на Преображението, одошто му се спротиставува.
Последниот дел од оригиналниот погост на Кишкиот комплекс го сочинува шаторската камбанарија помеѓу двете цркви. Изградена е кон крајот на 18 век, а потоа е повторно изградена во 1874 година и е реновирана на почетокот на деведесетите години од минатиот век. Погостот со гробиштата е ограден со низок ѕид од хоризонтални штици на темел од камења.
Во средниот и во северниот дел на островот исто така се наоѓаат капели, кои тука се преместени од околните села. Сите тие се одликуваат со скромен шарм и убавина карактеристична за традиционалната руска дрвена архитектура на молитвени места, со декоративен длаборез и мали дрвени куполи. Највпечатлива е капелата на Света Тријерарха од 18 век, која е направена во селото Кавгора во Кондопогскиот дел на Карелија. Оваа мала структура кулминира на западниот крај со осумаголна камбанарија.
Црквата на Преображение Господово е сега во фаза на детална и сложена реставрација, што ќе ја осигура нејзината иднина. Архитектонскиот комплекс на островот Кижи е во секој случај еден од оние споменици што Русија ја прават да биде Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче