Неверојатно убава зимска глетка на Белогорскиот манастир во Перм (ФОТОГРАФИИ)

Legion Media
Овој храм на Урал изгледа фантастично во текот на целата година, но од овие зимски током целе године, али од овие зимски глетки запира здивот. Интересно е што и подрачјето на кое се наоѓа манастирот се вика „Бела гора“.

Навикнавме на блескавите златни куполи на православните храмови, на отсјајот на сонцето во нив, на звуците на камбаните и шумот на ветрот во крошните…

Но, сега овој манастир е во својата бела „одора“.

Историјатот на Белогорскиот манастир на Свети Никола е поврзан со инцидент во јапонскиот град Оцу, кој се случил 1891 година со идниот император Николај II. Принцот таа година официјално го посетил јапонскиот град Оцу. Таму врз него е извршен атентат во кој можел да биде убиен, но тоа, за среќа, не се случило (подетално за тој инцидент прочитајте овде). 

Истата година по повод „чудесното спасение на Николај II од опасноста во Јапонија“ на Бела Гора на Урал е поставен крст висок десет метри, а две години подоцна е подигнат манастир, кој го добива името Белогорски.

Тогаш манастирот истовремено служи и како прифатилиште и како училиште за деца.

Првиот храм бил дрвен. Изгорел 1897 година. Изградбата на новиот храм почнува 1902 година, а е завршена 1917 година. Новиот храм е посветен на Крстот Господов. Проектиран е во руски стил кој во тоа време бил многу популарен.

По револуцијата во 1917 година болшевиците го убиваат тамошниот архимандрит и неколкумина монаси, а манастирот го ограбуваат. Потоа 1923 година го затвораат и го преуредуваат во логор Гулаг. По Втората светска војна манастирот е претворен во Дом за воени ветерани. За жал, во новиот пожар храмот е сериозно оштетен.

Кон крајот на 1980-тите властите започнаа со обнова на манастирот, која конечно завршува во текот на 2010-тите, така што сега повторно можеме да ја видиме со свои очи целата таа убавина.  

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња