Иако кинескиот авион-ловец J-11 по својот надворешен дизајн е ист како Су-27, тој по своите тактичко-технички карактеристики заостанува зад својот руски пандан. Ова во својот текст објавен на американскиот веб-портал „Национален Интерес“ го истакна воениот експерт Кејлеб Ларсон.
Воениот аналитичар потсетува дека производството на кинеските ловци започна откако НР Кина ги набави од Русија леталата со високи маневарски способности Су-27СК. Потоа беше потпишан договор за лиценцно производство на овие авиони во НР Кина. Меѓутоа, веќе од 2003 година кинеската воздухопловна корпорација започна со производство на сопствениот авион-ловец J-11 кој дизајнерски речиси комплетно претставува копија на оригиналното руско летало, пренесува веб-порталот РГ.
Како што забележува американскиот експерт, неговиот дизајн е во целост идентичен со рускиот авион-ловец Су-27. Што се однесува до кинеските компоненти, тие се ограничени на интеграција на електронски пакет опрема и млазни мотори кои претставуваат можеби и најсложен дел на борбеното летало. Имено, првите модели на овие авиони имаа големи проблеми со своите мотори, кои се оценети како несигурни. Во наредниот период кинеските конструктори со извонредна работа се обидоа барем да ги ублажат овие сериозни недостатоци.
„Иако конструкцијата на авионот J-11 е модифицирана, нејзините севкупни можности и понатаму останаа ограничени. Сепак треба да се нагласи дека се работи за технологија која беше актуелна кон крајот на 70-тите години на минатиот век“, потсетува американскиот аналитичар. Тоа особено се однесува на радарската рефлективност на ова летало кое во 21 век е неприфатливо голема, како и на непостоењето систем за дополнување гориво во воздух што е многу проблематично ако се знае колкава е површината на НР Кина.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче