Што може да направи советскиот ловец Су-27 со технологија на американскиот ловец F-15?

Фјодор Леухин (CC BY-SA 2.0)
Многумина не знаат дека Су-27, еден од „најтиражните“ ловец на руската авијација, има наследено дел од американските технологии, што подоцна му овозможи да собори 30 советски рекорди.

Авионот Су-27 (според кодификацијата на НАТО Flanker, односно „Напад од крило“) е повеќенаменски ловец-пресретнувач кој извршува борбени задачи независно од тоа дали е ден или ноќ и од временските услови.

Првобитно овој авион, како и поголемиот дел од оружјето во советскиот период, направени се на тој начин да бидат противтежа на оружјето што го поседуваат Американците. Во овој период задачата беше советскиот ловец според сите показатели да биде подобар од американскиот F-15 Eagle.

„На почетокот на осумдесеттите години од минатиот век нашите разузнавачи некако дојдоа до конструкторските цртежи на авионот F-15 Eagle што го произведува фирмата McDonnell Douglas и му го предадоа на експериментално-конструкторското биро 'Сухој'. Според тие шеми направен е првиот прототип на ловец, по што се извршени сите тестирања“, изјави за Russia Beyond воениот аналитичар на агенцијата ТАСС Виктор Литовкин.

Су-27П

Според него, податоците на разузнавачката служба биле нецелосни, така што „моделот F-15 Eagle“ составен во Русија не можел да развие надзвучна брзина, ниту имал аеродинамични показатели на ловец кој треба да се бори на небото против најмодерните машини од својата доба.

„На крајот беше донесена одлука овој достапен модел да се унапреди во согласност со новите технологии од седумдесеттите години од минатиот век, така што во 1981 година полета првиот Т-10-С, кој подоцна стана познат како Су-27“, додаде аналитичарот.

Како што објасни тој, овој авион подоцна ќе ја довие ознаката Су-27 и ќе собори над триесет светски рекорди во висина на летот, носивоста и многу други параметри.

„Сега сите подоцнежни модели на конструкторското биро 'Сухој' (Су-30, Су-34, Су-35, Су-57 итн.) се прават врз основа на моделот Су-27“, заклучува експертот.

Каде се применува?

Денес клучна задача на авионот Су-27 е да извршува задачи на ловец-пресретнувал со голем радиус на дејство. Тој се користи во единиците на противвоздушната одбрана, а во случај на војна ќе се бори за доминација во воздухот со непријателските ловци и бомбардери.

Су-27

„Синовите“ на моделот Су-27 веќе го имаа своето огнено крштевање во Сирија. На пример палубниот авион Су-33 редовно полетуваше од носачот на авиони „Адмирал Кузнецов“ и изведуваше воздушни напади на положбите на терористите од Исламска држава. Тактичкиот бомбардер Су-34 и ловецот Су-35 до неодамна беа главната офанзивна сила на руските воздушно-космички сили во Сирија. Токму благодарение на нив беше извршен пресврт во сириската војна.

Во овој момент Су-27 е еден од главните авиони на Воздушно-космичките сили на Русија. Во својот арсенал го имаат земјите од Заедницата на независни држави, Индија, Кина и други.

Тактичко-технички карактеристики:

Распон на крилата – 14.7 метри

Површина на крилата - 62 квадратни метри

Должина 21,935 метри

Висина 5.935 метри

Маса на празен авион 16.000 килограми

Нормална маса во полетување 30.000 килограми

Тип на моторот АЛ 31Ф

Потисок на моторот, N (Њутн)

– сo дополнително согорување - 2х122.8

Максимална брзина 2.500 км/ч

Практичен долет 3.900 км

Практичен плафон 18.500 м

Должина на полетувањето 650.700 м

Должина на слетувањето 620 700 м

Посада - 1 човек

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња