Како што објаснува аналитичарот Кејлеб Ларсон, овој авион е конструиран согласно теоријата на мешовита воздушна борба, кога поголем број поевтини авиони со послаби карактеристики е дополнет со помал број понапредни и поскапи летала.
Со таквата комбинација се умножува моќта, а големиот број ловци станува исто толку ефикасен како и оние најдобрите меѓу нив.
Како додаток на авионот Су-27 послужи моделот МиГ-29, кој има слична аеродинамична схема но е помал и не е толку ефикасен.
МиГ-29
Global Look PressСу-27 е замислен како директна конкуренција на американските авиони F-14 и F-15, што се одразил и во неговата конструкција. Овој руски ловец развива максимална брзина од околу 2,35 маха и има десет места за закачување ракети и бомби.
Су-27 има голема далечина на лет и обезбедува доминација во воздухот. Беше наменет за чување на границите на Советскиот Сојуз од продор на американски бомбардери, а истовремено беше и повеќенаменски авион-ловец.
Покрај тоа, можеше да се користи за придружување на советските стратешки бомбардери Ту-160, Ту-22М и Ту-95.
Во поглавјето под наслов „Лебди како пеперутка, каса како пчела“, авторот истакнува дека Су-27 има исклучителни маневарски можности. Не е случајно што групата за акробатски летови „Руски витези“ лета на унапредени верзии на токму овој авион. Тој може да изведува фигури како што е „Кобрата на Пугачов“.
Ловецот Су-27 е постепено унапредуван како и многуте други модели на советската воена техника и со тоа му е продолжен работниот век.
Исклучително е широк спектарот на верзии на моделот Су-27 направени како за потребите на Советскиот Сојуз, така и за потребите на Руската Федерација, но и за извоз.
Претставниците на семејството „Фланкер“ се значително модернизирани во споредба со првобитната конструкција на Су-27. Се одликуваат со подобрена авионика, зголемена далечина на летање или дополнителни можности како што е обрушување врз копнени цели.
Моделот Су-27 е успешен затоа што е во прашање ефикасен ловец со големи маневарски можности кој чекор по чекор се усовршува и прераснува во широко семејство авиони. Тие и денес се користат како во земјите на поранешниот Источен блок, така и на Блискиот Исток, во Латинска Америка и Африка.
И покрај широката примена на „стелт“ технологија, Су-27 најверојатно ќе остане во арсеналот на државите во зоните на конфликти со помал интензитет кои немаат „невидливи“ ловци и современи средства за противвоздухопловна одбрана.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче