Ловецот Су-27 во воздухопловните сили на 11 држави во светот (фотографии и видео)

Leuhin Fedor/Flickr
Су-27 е еден од најуспешните извозни руски воени авиони. Овој извонреден ловец, кој се појави во текот на 70-те години и кој некои го сметаат за еден од најдобрите борбени авиони на светот, сѐ уште го штити небото на азиските, африканските и европските земји.

1. Руско воено воздухопловство

Се разбира, овој ловец, развиен специјално за воздушна борба со други ловци, го користи руското воено воздухопловство. Се проценува дека Русија располага со најмалку 145 авиони Су-27 во различни верзии.

2. Национални воздухопловни сили на Ангола

Бившата португалска колонија кон крајот на 2018 година имаше на располагање шест авиони Су-27 и Су-27УБ.

3. Белоруски воздухопловни сили

Сојузничката на Русија по распадот на СССР доби 23 летала Су-27, а кон крајот на 2018 имаше  21 Су-27 во полна борбена готовност.

4. Кинеско воено воздухопловство

Пред да го купи патентот за производство на своја верзија на Су-27 (Ј-11), Кина од Русија набави 76 примероци од овој авиони. Кон крајот на 2018 година Кина располагаше со 20 авиони Су-27СК, 32 авиони Су-27УБК, 95 свои ловци Ј-11 и 110 ловци Ј-11Б/БС.

5. Воено воздухопловство на Еритреја

Младaта африканска држава Еритреја во 2004 година набави 8 авиони Су-27. Во 2018 година имаше на располагање еден Су-27 и еден Су-27УБК.

6. Воздухопловни сили на Етиопија

Соседите на Еритреја исто така користат руски ловци. Етиопија купи единаесет Су-27СК, три Су-27П и четири Су-27УБ. Интересно е што при крајот на 20 век овие авиони се користеа во борба против еритрејски ловци МиГ-29. Воздухопловните сили на Етиопија денес поседуваат осум Су-27 и три Су-27УБ.

7. Воено воздухопловство на Индонезија

Небото на Индонезија го чуваат два Су-27СК и три Су-27СКМ.

8. Казахстански сили за воздушна одбрана

Оваа голема држава располага со 20 ловци Су-27 и четири Су-27УБ.

9. Украински воздушни сили

По распадот на СССР Украина наследи 40 ловци Су-27, а кон крајот на 2018 имаше 34 вакви авиони во различни верзии.

10. Воздухопловни сили на Узбекистан

Узбекистанската армија е една од најголемите во Средна Азија. Воздухопловните сили се вооружени со 13 ловци Су-27 и Су-27УБ, а во резерва имаат уште 11 ловци.

11. Виетнамски народни воздухопловни сили

„Азискиот тигар“ поседува шест ловци Су-27СК и пет Су-27УБК.

Прочитајте повеќе: „Национален Интерес“ го избра најдобриот руски авион-ловец: „Фланкер“ без конкуренција

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња