Кратка содржина на романот „Злосторство и казна“ од Фјодор Достоевски

Russia Beyond («Портрет Ф. М. Достоевского», 1872, Василий Перов, Библиотека Всемирной Литературы)
Се смета дека „Злосторство и казна“ е мрачен роман, полн со психолошки рефлексии и прикази на страдни луѓе од најнискиот вид. Меѓутоа, познавањето на заплетот и значењето на книгата е важно доколку сакате да оставите впечаток на начитана личност.

Суперкратка содржина:

Сиромашниот студент Радион Раскољников поттикнат од крајната сиромаштија одлучува да ја убие омразената старица која се занимава со лихварење. Потоа долго страда поради стореното за на крајот да го признае своето злосторство и да замине во затвор.

***

Злосторство

Родион Раскољников поради немањето пари за школување морал да ги напушти студиите по право. Шетајќи низ темните и валкани улици на Санкт Петербург од 19 век, тој филозофира и доаѓа на идеја дека постојат два вида луѓе – обични и исклучителни. Секако, тој за себе мисли дека е исклучителна личност, но тоа треба и да го докаже. Дали би се дрзнал да направи нешто големо и да го смени својот живот? Одлучува дека треба да ја убие старата лихварка на која ѝ ги дал последните часовници и да дојде до пари.

Додека размислува за претстојното злосторство, Родион го запознава пијаницата Семјон Мармеладов. Тој му раскажува за несреќите што го снашле – дека починала неговата прва жена и дека тој останал без работа, а ќерка му морала да стане проститутка за да заработи пари за семејството. Потоа се оженил со втората жена и веќе има деца, и сите тие се заедно несреќни и во голема неволја.

Со оглед на тоа што му е жал за Мармеладов, Родион му ги дава своите последни право, кои ги има земено токму од старата лихварка. Но, малку подоцна, добива писмо од својата мајка. Таа му пишува дека сестрата на Раскољников сака да се омажи за човек кој има пари за да го спаси Родион и да му помогне да го заврши факултетот. Но, Родион не може да ѝ дозволи на својата сестра да го спаси со тоа што ќе се омажи за човек што не го сака... па сега е уверен дека убиството на лихварката и земањето на нејзините пари е единствениот начин да го спаси своето семејство.

Затоа ја убива старицата, но непланирано ја убива и нејзината сестра која се вратила дома во погрешно време. Во брзање зема малку пари и бега.

Казна

Следното утро Родион го тресе треска, а воедно добива полициски повик. Многу е исплашен, но излегува дека го товарат само поради неплаќање на станарината. Додека Родион се подготвува да ја напушти полициската станица, слуша разговор за убиството на лихварката и паѓа во несвест. Со оглед на тоа што е нервозен и исплашен, сѐ што има украдено закопува во земја.

Потоа Раскољников дознава дека Мармеладов го прегазила кочија, па остатокот од парите го дава на неговата вдовица. Кончено ја запознава ќерката Соња Мармеладова која го повикува да присуствува на погребот.

Раскољников решава заедно со еден пријател да оди во полиција за да се распраша како да врати сѐ што убиената лихварка купила од нив. Истражителот Порфириј Петрович започнува разговор со Раскољников за написот што тој го објавил за обичните и за исклучителните луѓе. И изразува загриженост во врска со идејата дека исклучителните луѓе, „генератори на големи идеи“, имаат право да ги кршат законите доколку тоа е од корист за човештвото. Порфириј се плаши дека таквите луѓе би можеле да убијат... Раскољников во тој момент мисли дека истражителот се сомнева во него и станува уште понервозен.

Соња Мармеладова е единствената личност на која Раскољников ѝ кажува за своето злосторство. Таа го наговара да признае сѐ и ветува дека ќе тргне со него кога ќе го испратат на Сибир. Порфириј исто така му предлага на Раскољников самиот да го принае злосторството за да му биде намалена казната. Конечно, Радион оди во полиција и го признава своето злосторство.

Родион по пат мора себеси да си признае дека не ѝ припаѓа на групата „исклучителни луѓе“, ами на „обичните“ и поради тоа се чувствува лошо, полошо од самото чувство за стореното злосторство.

Соња го одржува својот збор и го следи во Сибир, а Раскољников сфаќа дека ја сака. Така започнува неговата лична преродба.

Што се крие зад романот?

Заплетот на злосторството Достоевски го има преземено од реалниот живот. Постоел извесен староверец (на руски раскољник) кој имал убиено две жени со секира, и за неговото судење се пишувало по весниците. Тоа можело да биде интригантна детективска приказна, но, всушност, злосторството се случува на почетокот од романот, додека казната веќе има улога. Раскољников се казнува себеси и, на чуден начин, затворот излегува како олеснување за неговото душевно страдање.

Достоевски сликовито го опишува талогот на петербуршкото општество и сиромашните луѓе кои мораат да прават страшни работи за да преживеат. Мошне чисто и невино суштество во романот е Соња која е принудена да стане проститутка, зашто нејзиното големо семејство живее во страшна беда и немаштија.

Но, филозофските и моралните прашања во романот се поважни од заплетот за злосторството или од општествените прашања. Најважна работа во романот е идејата на Раскољников за поделбата на луѓето на обични и исклучителни и фактот дека некои луѓе мислат оти можат да бидат поголеми и поважни од останатите. Достоевски чувствува дека тие луѓе го изгубиле Бога...

Целиот роман е одговор на Достоевски на идеите на нихилизмот кои се прошириле во шеесеттите години од 19 век кај радикалната младина. Писателот сакал да покаже до што може да доведе губењето вера во Бога и напуштањето на моралната основа. Сепак успеал да произведе вонвременски роман кој инспирирал многу творци.

Конспиролошката теорија која стои зад романот гласи дека името на главниот јунак, Раскољников Родион Романович, е всушност скриена порака на Достоевски која вели: „Раскололась родина Романових“ („татковината на Романови е скршена“). А, тоа се случило поради бедата и сиромаштијата која ги изгубила своите христијански вредности. Додека Библијата и верата му помагаат на Раскољников да оживее (а, можеби и помагаат и на Русија да оживее, исто така).

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња