Од видеоматеријалот, објавен на интернет-платформата „Инстаграм“, се гледа минувањето на авион-ловец Су-27 од 4 генерација низ кањонот Мангуп кој се наоѓа на полуостровот Крим.
Пилотот кој го управуваше со ловецот во низок лет помина низ виулестиот кањон, а по излегувањето од него нагло го подигна леталото и исчезна во синилото на кримското небо, пренесува интернет-порталот „Взгљад“.
„Првпат гледам „сушка“ вака да маневрира во ридовите“, напиша во описот авторот на овој видеоматеријал sania_kurdoglo.
Во ноември 2016 година на интернет беше објавена снимка од лет на ловец Су-27 кој веројатно му припаѓа на украинското воено воздухопловство. Тогаш тој на екстремно ниска висина прелета над главите на преплашените луѓе, ризикувајќи да се повтори огромната трагедија што се случи на воздушниот митинг кај градот Лавов, одржан на 27 јули 2002 година.
Имено, тогаш еден Су-27УБ од составот на ВВ на Украина директно падна врз посетителите на таа манифестација. Последиците беа катастрофални. Загинаа 77 луѓе (од кои и 28 деца), додека повеќе од 500 посетители беа полесно и потешко повредени.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче