Русите развија технологија за идентификација на личност според силуетата

Yuya Shino/Reuters
Руската компанија Ntechlab разви технологија за препознавање на човек според неговата силуета така што може да се следи движењето на една личност низ градот, соопшти генералниот директор на компанијата Александар Минин.

Според генералниот директор на компанијата, работната верзија на производот ќе биде готова во рок од два месеци, по што ќе започне нејзиното тестирање во Москва, во регионите на Русија и во странство, пренесува агенцијата ТАСС.

Човечката силуета е уникатна како и човечкото лице. Технологијата се состои во тоа што ние можеме да идентификуваме силуета и да го следиме нејзиното движење практично на сите градски камери за видео-надзор. На пример, ако некој во центарот на градот украл велосипед и камерата е далеку и не се гледа лицето, туку само силуетата, ние во тој случај можеме да видиме колку далеку отишол човекот со велосипедот, можеме да ја дефинираме траекторијата на неговото движење и да го следиме до место каде што е поставена камера која може да му го препознае лицето“, рече Минин.

Тој истакна дека овој проект може да се бара особено во Европа, каде што владеат „прилично строги закони поврзани со чувањето и обработката на личните податоци и во целина преовладува негативен став спрема фактот дека може да се идентификува нечие лице“.  

„До крајот на годината, ќе завршиме неколку фази на усовршувањето на овој проект и потоа ќе започнеме со сериско производство. Во септември или октомври ќе биде завршена технологијата и во неа потоа ќе се подобрува само прецизноста на препознавањето. Ќе почнеме од 90% и ќе се потрудиме да стигнеме до 99% за половина година или една година. Потребно е време за да се формира базата “, соопшти првиот човек на компанијата Ntechlab.

Според Минин, главната тешкотија во препознавањето на силуетите лежи не во самата технологија за препознавање, туку во техничките карактеристики на градските камери. „Една камера е во боја, друга е црно-бела, една снима одозгора, така што луѓето се гледаат како мали тркалезни точки, а друга снима одоздола и се гледа само лицето, а не целата силуета. Задачата на алгоритмите и системот е, со оглед на сите овие фактори, да препознае дека е во прашање една иста личност“, додаде тој.

Прочитајте повеќе: Како да се сoкриете од вештачкaта интелигенција во добата на тотален надзор

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња