Путин и Трамп разговараа по телефон

Владимир Путин разговара на телефон

Владимир Путин разговара на телефон

Reuters
Телефонскиот разговор меѓу претседателите на Русија и на САД траеше околу 45 минути.

Редакцијата на „Руска реч на македонски“ ви ја пренесува содржината на соопштението за јавноста што го објави прес-службата на Кремљ по повод одржаниот телефонски разговор меѓу претседателите на Руската Федерација и на Соединетите Американски Држави Владимир Путин и Доналд Трамп.

„Владимир Путин му го честиташе на Доналд Трамп официјалното стапување на должноста и му посака успех во понатамошната работа.

Во текот на разговорот од двете страни беше покажано расположение за активна заедничка работа за стабилизација и развој на руско-американската соработка на конструктивна, рамноправна и заемно поволна основа.  

Детално беа дискутирани актуелните меѓународни проблеми, вклучувајќи ги борбата со тероризмот, ситуацијата на Блискиот Исток, арапско-израелскиот конфликт, сферата на стратешката стабилност и непроширувањето, ситуацијата околу иранската нуклеарна програма и Корејскиот полуостров. Се осврнаа и на основните аспекти на кризата во Украина. Договорено е да се воспостави партнерска соработка за сите овие и други насоки.

Притоа е издвоена приоритетноста на обединувањето на напорите во борбата против најголемата закана – меѓународниот тероризам. Претседателите се изјаснија за воспоставување реална координација на руските и американските активности со цел поразување на ИДИЛ и другите терористички групи во Сирија.

Се потенцираше важноста од воспоставување на заемно поволни трговско-економски врски меѓу деловните кругови на двете земји, што би можело да го стимулира етапниот и постојан развој на билатералните односи.  

Владимир Путин и Доналд Трамп се договорија да наложат договарање на можните термини и местото на одржување на нивна лична средба.

Доналд Трамп замоли да се пренесат неговите желби за среќа и просперитет на рускиот народ, истакнувајќи дека народот на САД со симпатија се однесува спрема Русија и нејзините граѓани.  

Владимир Путин, од своја страна, потенцираше дека Русија има исти чувства спрема Американците. Тој потсети дека нашата земја повеќе од два века ја поддржува Америка, беше нејзин сојузник во двете светски војни и сега ги гледа САД како најважен партнер во борбата со меѓународниот тероризам.

Лидерите се договорија да одржуваат редовни лични контакти.

Разговорот се одржа во позитивна и деловна атмосфера“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња