Путин за џудото: Висок адреналин, добро расположение а розовите очила се симнуваат

Kremlin Pool/Global Look Press

По спарингот со олимписките шампиони во спортскиот центар „Југ Спорт" во Сочи претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека таквите тренинзи влијаат на неговото добро расположение и му помагаат да не го гледа светот низ розови очила, пренесуваат руските медиуми.

Како што забележа тој, тоа е познат медицински факт, човек кој се занимава со физичко вежбање го зголемува нивото на адреналин и го подобрува расположението. На животот се гледа поинаку, призна Путин. Џудо тренинзите помагаат, како што рече тој, да се растовари мозокот и да се наполни со енергија. Притоа се работи за комплексна интеракција, розовите очила се симнуваат и сѐ бидува како што треба.

Путин по состанокот со претседателите на Турција и Иран -  Реџеп Таип Ердоган и Хасан Рохани – се преслече во кимоно и на татамито извежба неколку различни техники и фрлања со своите спаринг партнери, неколку олимписки шампиони.

„Колку спортистот е од повисока класа, толку повеќе заслужува внимание. Што би се рекло, тој чувствува сѐ на врвовите на прстите, и не само што чувствува, туку и сфаќа што се случува. И кога треба да помогне и пружи поддршка. А освен тоа, со него е и безбедно“, рече по тренингот Путин, кој ден претходно ја искористи паузата во разговорите да отиде со претседателот на Белорусија на скијање.

И тоа се случува, во текот на тренингот со Беслан Мудранов рускиот претседател го повреди прстот на десната рака, но проблемот беше решен со еден ханзапласт. По завршениот тренинг спортистите уште долго го задржаа Путин во разговор и на крај му подарија комплет опрема.

Инаку, рускиот претседател Владимир Путин од детство се занимава со источни боречки вештини. Мајсторот во самбо во родниот Санкт Петербург повеќе пати освојуваше шампионски титули во оваа дисциплина. Во 2006 година стана почесен претседател на Европскиот џудо сојуз, а во 2010 јужнокорејскиот универзитет Јонин му додели диплома „доктор по џудо“. Путин има и црн појас во карате.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња