Европските политичари жалат поради руското вето

Москва се противи на мултилатералниот пристап кон решавањето на сирискиот конфликт, изјави претседателот на Франција Франсоа Оланд; шефот на британската дипломатија Борис Џонсон изјави дека е вознемирен од одлуката на Русија да ја блокира на резолуцијата за Сирија на Советот за безбедност на ООН, неговиот германски колега Зигмар Габриел, исто така, изрази жалење.

Оланд тврди дека на тој начин Москва „ја презема на себе тешката одговорност“ заради заштита на сирискиот претседател Башар Асад. Оланд, исто така, изјави дека мирот во „многустрадната“ Сирија може да се обнови само во случај меѓународната заедница да ги обедини напорите „за политичка транзиција“, пренесува „Взгљад“.

Џонсон изјави дека примената на вето „ја става Русија на погрешната страна на аргументацијата“. Според него, Русија наводно „одби да ја осуди примената на хемиско оружје“ и да поддржи целосна истрага на ООН, иако позицијата на Москва е дека пред да се префрли вината врз Дамаск за наводниот напад со хемиско оружје, треба да биде спроведена истрага.

Британското МНР изјави дека Москва може или да биде „гума за спасување на крвавиот режим на Асад“ или „да ги исполни своите обврски како светска сила“ и да влијае на Дамаск, „ставајќи му точка на периодот на неуспешни обиди за прекин на огнот“.

Министерот за надворешни работи на Германија ја истакна потребата за истрага на инцидентот во Идлиб. Габриел рече дека е потребен „јасен сигнал против употребата на хемиско оружје“.

Русија претходно стави вето на поднесената од Велика Британија, Франција и САД предлог-резолуција на Советот за безбедност на ООН за наводниот напад со хемиско оружје во Сирија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња