Вештачка интелигенција ја оценува убавина кај луѓето

Московската Youth Laboratories одржа избор на убавина со помош на вештачка интелигенција.

Московската Youth Laboratories одржа избор на убавина со помош на вештачка интелигенција.

Press Photo
За една година постоење Youth Laboratories успеа да одржи роботски натпревар за убавина и да собере 12 илјади американски долари за Kickstarter, првата апликација на RYNKL, а исто така да склучи неколку трговски договор со медицински компании од Европа и од САД. „Руска реч на македонски“ ви раскажува како тие успеаја да го постигнат сето тоа.

Пред една година бизнисменот од Москва Алексеј Шевцов ја создаде компанијата Youth Laboratories. Во мај 2015 година тој собира млад тим од експерти во областа на биологијата и развојот на алгоритами за длабоко учење (Deep learning) - вкупно 10 лица. Уште во ноември минатата година Youth Laboratories го организираше првиот натпревар за убавина Beauty.AI (Beauty Artificial Intelligence), во кој во својство на жири настапи вештачка интелигенција.

Според Шевцов натпреварот за убавина е само помошна задача за тимот. Компанијата има поставено пред себе вистинска амбициозна задача - да го реши проблемот со стареењето на човекот.

„Нашата компанија се специјализира за технологијата за машинско учење за анализа на дигитална слика на кожата со цел откривање на биомаркери за стареење, а исто така на вкупната анализа на здравјето на луѓето“, прецизира Шевцов.

Убавина без граници: пет илјади учества од целиот свет

Амбициозната цел на проектот Beauty.AI одигра позитивна улога за проектот - за него пишуваа истовремено во TechCrunch, GQ и Cosmopolitan. Вниманието посветено од страна на медиумите овозможи во натпреварот за убавина да бидат привлечени повеќе од пет илјади луѓе од целиот свет. На финалниот стадиум партнери на проектот станаа гигантите NVIDIA и Faberlic.

Учесниците прикачуват свое селфи на мобилната апликација Beauty.AI за iOS и Android и кратка информација за себе: возраст, пол, раст и други биометриски параметри. „Лицата на учесниците се споредуваат со голем број фотографии, над 1 милион“, раскажува Анастасија Георгиевска, биоинформатичар во Youth Laboratories.

Брчките од гледна точка на роботот

Со побарувачката на убави лица се занимаваат непристрасно три роботи: RYNKL кој го проценуваше бројот на брчките на учесниците од секоја возрасна група; MADIS (Model Alliance Digital Intelligence Scout) за споредување на сличноста на човековите карактеристики со оние на познати актери и модели, а алгоритамот за проценка на симетријата ја одредуваше структурата на лицето (бидејќи човечките лица не се симетрични).

u041eu0440u0438u0433u0438u043du0430u043bu043du0430 u0444u043eu0442u043eu0433u0440u0430u0444u0438u0458u0430. Press photou041eu0440u0438u0433u0438u043du0430u043bu043du0430 u0444u043eu0442u043eu0433u0440u0430u0444u0438u0458u0430.
u0420u043eu0431u043eu0442u043eu0442 u0458u0430 u043cu0435u0440u0438 u0441u0438u043cu0435u0442u0440u0438u0447u043du043eu0441u0442u0430 u0432u0440u0437 u043eu0441u043du043eu0432u0430 u043du0430 u043bu0435u0432u0430u0442u0430 u0441u0442u0440u0430u043du0430 u043eu0434 u043bu0438u0446u0435u0442u043e. Press photou0420u043eu0431u043eu0442u043eu0442 u0458u0430 u043cu0435u0440u0438 u0441u0438u043cu0435u0442u0440u0438u0447u043du043eu0441u0442u0430 u0432u0440u0437 u043eu0441u043du043eu0432u0430 u043du0430 u043bu0435u0432u0430u0442u0430 u0441u0442u0440u0430u043du0430 u043eu0434 u043bu0438u0446u0435u0442u043e.
u0420u043eu0431u043eu0442u043eu0442 u0458u0430 u043cu0435u0440u0438 u0441u0438u043cu0435u0442u0440u0438u0447u043du043eu0441u0442u0430 u0432u0440u0437 u043eu0441u043du043eu0432u0430 u043du0430 u0434u0435u0441u043du0430u0442u0430 u0441u0442u0440u0430u043du0430 u043eu0434 u043bu0438u0446u0435u0442u043e. Press photou0420u043eu0431u043eu0442u043eu0442 u0458u0430 u043cu0435u0440u0438 u0441u0438u043cu0435u0442u0440u0438u0447u043du043eu0441u0442u0430 u0432u0440u0437 u043eu0441u043du043eu0432u0430 u043du0430 u0434u0435u0441u043du0430u0442u0430 u0441u0442u0440u0430u043du0430 u043eu0434 u043bu0438u0446u0435u0442u043e.
Press photo
Press photo
Press photo
 
1/6
 

„Концептот на алгоритамот не се состои во побарувачката на двојник на кожа или тип лице, постојат многу такви апликации, ами во тоа што секоја фотографија се обработува поединечно и прикажува конкретен резултат на одреден биолошки фактор, на пример, во областа на брчките или по површината на пигментните дамки“, вели Анастасија Георгиевска.

На крајот алгоритамите за конкурсот одбраа 10 мажи и жени, кои станаа победници во пет старосни категории. Тие добија награди од партнерите и правото да се нарекуваат првите победници во натпревар за убавина со верзија на „вештачка интелигенција“во историјата.

Press photo
Press photo
Press photo
 
1/3
 

Алгоритамите-оценувачи во натпреварот за убавина Beauty.AI работат на принципот на длабокaтa обука (Deep Learning), благодарение на нив компјутерите можат да учат од сопственото искуство. Во моментов идејата за длабокото обука се здобива со популарност, бидејќи кај вештачката интелигенција формира хиерархиска идеја за околниот свет на многу нивоа.

 

Зошто требаше да има натпревар

„Сакавме да создадеме апликација која ќе дозволи статусот на здравјето на човекот да се оценува според податоците од слика - раскажува консултантот на проектот, научникот Александар Жаворонков. - Почнавме од најелементарните, од брчките, бидејќи тогаш веќе имавме изградени контакти со големите козметички компании и веќе знаевме дека има побарувачка за сличен производ“.

Така се појави апликацијата за следење на брчки RYNKL. Беше одлучено потребата за неговата база од фотографии да се бира преку натпревар за убавина. За околу два месеци во почетокот на 2016 година проектот доби 12 илјади американски долари. Во Kickstarter.com целта им беше 10 илјади американски долари.

Во пролетта на 2016 година „Лабораторија на младоста“ стартуваше втор натпревар за убавина во кој секој може да учествува. Роботите ќе ги дефинираат новите победници на почетокот на август 2016 година.

Дијагностицирање на иднината

Во моментов стартапот работи со приватни клиники, големи козметички компании, истражувачки центри од Европа, САД, Африка и од Азија.

За во иднина тимот планира да ги научи компјутерите да го дефинираат статусот на човековото здравје на лицето. „На пример кругови под очите можат да укажуваат на можни проблеми со бубрезите, атипични пигментација - за можен развој на меланом, бледи, лошопигментирани усни - за присуството на анемија“, вели Шевцов.

Во оваа компонента стартапот веќе е во преговори со една од крупните приватни московски синџири на клиники. И додава: „Тие пројавуваат одреден интерес, можно е да се обидеме да направиме заедничка апликација за препознавање на болести“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња