10 популарни руски раси кучиња

Ви ги претставуваме десетте најпопуларни раси кучиња кои потекнуваат од Русија.

Името на расата самојед својата историја ја влече од самоједската група народи кои живееле во Сибир. Овие номади ги одгледувале ваквите крзнени кучиња со цел да им го чуваат добитокот и да ги влечат санките. Алтернативно име за оваа раса, особено во Европа, е Бјелкер.

Рускиот ‘рт многу потсетува на волкот со својата посветеност и со навиката да ја држи главата надолу. Разликата помеѓу бигл или кое и да е друго ловечко куче и рускиот ‘рт е во тоа што последново е многу побрзо, најчесто е побрзо од својот плен. Рускиот ‘рт ги фаќа животните, додека биглот ги гони.

Кавкаскиот овчар е моќно куче со тешко, мускулесто тело и дебело влакно што го штити од ладното време и од животните што ги напаѓаат овците.

Руски црн териер. Оваа раса е создадена во одгледувачницата „Краснаја звезда“ по наредба на Сталин. Ова е полициско куче кое ги чува затворениците и може да живее во каква и да е клима.

Источноевропски овчар. Оваа раса е популарна во Русија поради тоа што во претставата на луѓето ова куче е мошне интелигентно и верно на својот стопан.

Предците на сибирската хаска потекнуваат од студените предели на сибирскиот Арктик. Сибирската хаска е раса на Чукчите од североисточна Азија, а била користена за влечење тежок товар на долги растојанија и во тешки временски услови. Кучето било донесено во Алјаска за време на Златната треска и на тој начин оваа раса се проширила низ САД и Канада.

Во Русија постојат многу видови од расата лајка. Ние ја избравме источносибирската. Источносибирската лајка е ловечко куче кое се користи за различни задачаи, од бркање верверици, куни и тетреби, па сè до лосови, мечки, диви свињи и планински лавови. Исто така тие можат да влечат и санки.

Рускиот џуџест териер е мало куче кое било добиено од англискиот џуџест териер. На почетокот од 20 век ова била многу популарна раса, но не била одгледувани поради Револуцијата (вакви кучиња обично имале аристократите). Во педесеттите години од минатиот век кинолозите почнале да го одгледуваат рускиот џуџест териер.

Иако московскиот чувар многу потсетува на бернандинец, всушност станува збор за домицилна раса во која се сплотени убавината на бернандинците со разностраноста и силата на кавкаскиот овчар.

Идејата за вкрстување куче со чакал е идеја на советскиот биолог Клим Сулимов уште од осумдесеттите години од минатиот век кога работел во Министерството за внатрешни работи. Затоа оваа раса често и се нарекува и сулимово куче.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња