Григориј Бакунов
Софтверот за препознавање на лица стана реалност, но се повеќе ги иритира корисниците. Паметните камери ги надгледуваат улиците на поголемите градови, социјалните мрежи имаат огромни бази на податоци за своите корисници, и само Бог знае на кој начин различните „безбедносни“ служби имаат намера да ги искористат тие информации. Постои ли начин да се сокриеме од Големиот брат и да уживаме во приватноста?
Програмери и научници веќе работат на тоа. На пример, на Универзитетот Карнеги Мелон неодамна презентираа наочари кои можат да го измамат софтверот за препознавање на лица, да го натераат „да помисли“ дека се работи за друго лице, додека проектите како „CV Dazzle“ истражуваат како може да се искористи модата како камуфлажа.
Григориј Бакунов, директор за дистрибуција на технологија во „Yandex“, водечкиот руски интернет пребарувач, одлучи да даде придонес кон овие напори за сокривање на лицето од вештачката интелигенција.
„Разни луѓе ги користат програмите за препознавање на лица за различни цели, а невозможно е да се движите низ Москва и да ги избегнете тие камери“, напиша на својот Телеграм профил.
Така, тој одлучи да посвети дел од своето работно време на развивање на алгоритам кој би ја оневозможил работата на софтверот за препознавање на лица.
Григориј Бакунов
„Брзо развивме едноставен но вреден алгоритам“, пишува Бакунов. „Нашиот изум е футуристичка шминка. Само неколку линии по лицето од оваа шминка успешно може да ги измами паметните камери.“
Проектот, сепак, беше со краток век, бидејќи Бакунов сфати дека со неговиот алгоритам може да се измамат и банките и полицијата.
„Затоа и одлучивме да не го пласираме на пазарот, затоа што можностите некој да го искористи во лоши цели се преголеми“, вели тој.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче