Американска аналитика: Што сѐ покажа рускиот ловец Су-35С во Сирија, а ние досега не го знаевме?

Вадим Савицки/Global Look Press
Западните аналитичари веќе многупати досега анализираа потенцијалите на рускиот авион-овец Су-35С од генерацијаата 4++. Но не знаеја дека покрај ловечките квалитети овој авион е врвно оспособен и за бомбардерски задачи што успешно го демонстрираше во Сирија.

Авторите на текстот забележуваат дека овој руски авион-ловец одигра важна улога во деескалацијата на руско-турските односи кои се закануваа во еден момент да прераснат во отворен судир, пренесува интернет-порталот „Взгљад“.

Американското списание „Национален Интерес“ го смета Су-35С за најдобар авион кој моментално се наоѓа во оперативна употреба во единиците на руското воено воздухопловство. Овие авиони ги демонстрираа своите борбени способности и во Сирија, каде што и понатаму се наоѓаат во рамките на руската воздухопловна група стационирана во базата „Хмејмим“. Во текстот понатаму се вели дека овој модел на авион првично бил замислен како временски ограничено решение меѓу авионите Су-27 и Су-57. Сепак, во многу краток временски интервал, овој концепт се покажа многу добро во пракса, така што во овој момент претставува многу квалитетна алтернатива во однос на проектираниот, но исто така и поскап наследник.

Истовремено, како што пренесува американскиот портал, гледајќи го стратешкиот аспект на понатамошниот развој на руското воено воздухопловство, Су-57 претставува посигурна платформа за понатамошен напредок. Авторите на публикацијата се уверени дека токму перспективниот ловец од петта генерација Су-57 ќе биде главниот руски борбен авион во годините и децениите кои доаѓаат.

Су-35С е повеќенаменски суперманеварбилен авион-ловец од генерацијата 4 ++, настанат врз база на авионот Су-27. Основната негова намена е остварување на апсолутна воздушна предност на широк простор. Според аспектот на маневарските способности, но и интегрираната авионика, овој авион спаѓа во најдобрите ловечки апарати кои во моментов се наоѓаат во оперативна употреба. Овој авион прв пат полета во 2008 година, а беше воведен во вооружувањето во февруари 2014 година.

При крајот на минатата година во медиумите се појави видеоматеријал со акробатската група „Руски соколи“, која на небото над Владивосток демонстрираше воздушна битка со учество на авиони Су-35С.

Неодамна рускиот претседател В. В. Путин даде изјава во која смета дека рускиот повеќенаменски ловец од петта генерација Су-57 е најдобриот авион во светот. Светската премиера на овој авион се очекува на престижниот воздухопловен саем во Париз што ќе се одржи во јуни оваа година.

Прочитајте повеќе: „Национален Интерес“: Истрениран и одлучен пилот го претвора МиГ-29 во „смртоносен“ непријател

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња