„Во овој момент тоа е најдобриот авион, најдобриот во цел свет. Како според своите тактичко-технички карактеристики, така и според вооружувањето кое може да го носи. Ништо не може да лета како нашиот авион“, рече претседателот на Руската Федерација Владимир Путин при средбата со победниците на конкурсот „Лидерите на Русија“.
Неодамна рускиот воен експерт Алексеј Леонков изјави дека рускиот ловец Су-57 би победил во хипотетичка воздушна конфронтација со американскиот авион F-35. Светската премиера на рускиот ловец од петта генерација Су-57 ќе се одржи на воздухопловниот саем во Париз, кој ќе биде реализиран кон средината на јули 2019 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче