„Национален Интерес“: Истрениран и одлучен пилот го претвора МиГ-29 во „смртоносен“ непријател

Wikipedia
Американските и израелските пилоти се уверија во борбените способности на рускиот авион МиГ-29 за кој имаат само пофални зборови.

Во 1997 година, САД набавија 20 авиони-ловци МиГ-29 од четвртата генерација и оттогаш имаа можност да го проценат нивниот квалитет, пренесува америкаанскиот интернет-портал „Национален Интерес“.

Американските експерти утврдиле дека концепцијата на Миг-29 е надмоќна во однос на американските конкуренти, особено кога се работи за летечко-техничките, маневарските карактеристики на ова летало. Тие процениле „дека се работи за еден од најсмртоносните авиони-ловци на своето време“. Сепак, неговата авионика не била на нивото на западните модели.

Истата година уште една земја која се наоѓаше надвор од СССР ги купи овие типови авиони. Се работеше за Израел „која на неколку недели изнајми три авиони-ловци МиГ-29 (едноседи) од една непозната источноевропска земја“. Тоа беше најнапредниот млазен авион што Русија го продала на земјите од Блискиот Исток, како што е Ирак, а потоа и Сирија. Токму поради овој факт, Израелците сакаа добро да се запознаат со тактичко-техничките способности на својот потенцијален противник кого почна да го набавуваат државите во неговото непосредно опкружување. Имено, сите знаеме колку му значи на Израел да ја задржи својата апсолутна воздушна доминација во однос на сите земји во регионот на Блискиот Исток.

Израелските пилоти биле многу импресионирани во таа прилика, се наведува во текстот што го пренесува рускиот интернет-портал „Взгљад“. Рускиот МиГ-29 во голема мера се разликувал од американските ловци на кои тие навикнале. Основната карактеристика на овој авион било одличното управување. Израелците ја пофалиле и неговата авионика, поточно електронскиот блок наменет за стабилизација на летот при слетувањето.

Тогаш еден од израелските пробни пилоти изјавил дека Миг-29 не само што е еднаков на западните конкуренти од четвртата генерација (авионите F-15 и F-16), туку и ги надминува, особено во маневарските способности и специфичниот однос помеѓу потисокот на моторот и тежината на леталото. Овој заклучок најдобро ги илустрира неговите импресии од овој авион – „нашите пилоти мора да бидат многу внимателни ако се најдат со ловец МиГ-29 во ситуација на воздушен бој. Доколку та во воздухот со МиГ-29. Доколку со ова летало управува добро обучен професионалец, тоа претставува многу опасен непријател“.

Авторите на овој текст во продолжение напомнуваат дека руските авиони-лоци Су-35С од генерацијата 4 ++ генерација релативно доцна ја засилиле руската воздухопловна база „Хмејмим“ во Сирија. Меѓутоа, тие целосно ја оправдале улогата на овој авион, кој со право се смета за еден од најдобрите во светот. Имено, западната аналитика особено ги забележала неговите одлични бомбардерски способности кои Су-35С ги демонстрираше во руската воздухопловна операција во Сирија.

Погледнете го видеото: Лудо возење со МиГ-29

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња