Су-35С и F-22: борба на интелекти

Радарот „Ирбис“ кој е поставен на Су-35С овозможува воочување воздушни објекти на рекордна оддалеченост – до 400 километри, истовремено следење на најмногу 30 и гаѓање на најмногу осум цели. Извор: Министерство за одбрана на РФ / mil.ru

Радарот „Ирбис“ кој е поставен на Су-35С овозможува воочување воздушни објекти на рекордна оддалеченост – до 400 километри, истовремено следење на најмногу 30 и гаѓање на најмногу осум цели. Извор: Министерство за одбрана на РФ / mil.ru

Веќе сега врз основа на Су-35С е реализирана речиси цела идеологија на ловци од петтата генерација. Ова на Русија ѝ дава можност пред другите да започне со создавање на шестата генерација борбени авиони. Истовремено, самиот Су-35С според карактеристиките го надминува единствениот ловец од петтата генерација кој денес постои во вооружувањето, американскиот F-22 Raptor.

Авијатичкиот комплекс на фронтовското воздухопловство ПАК ФА (односно Т-50) успешно го поминува редовниот циклус тестирања. По 2017 година ловецот од петтата генерација веќе треба да биде формиран и да влезе во употреба во единиците. А, засега руските борбени единици добиваат речиси аналогичен модел на овој авион – мултифункционалниот Су-35С.

Cу-35С може да развие брзина од 2.400 километри на час и да без слетување да помине 3.600 километри. Подеднакво е сигурен и безбеден како ловец, како пресретнувач со голем оперативен радиус и како бомбардер-носач на ракети.

Станува збор за тоа дека на платформата на Су-35С, истовремено со создавањето виртуелен изглед на ловец од петтата генерација (на почетокот неговото проектирање беше само во бројки), се воведувани и усовршувани веќе готови елементи од ловецот на иднината. На крајот Су-35С кој ѝ припаѓа на генерацијата „4++“ речиси според сите свои карактеристики, освен таканаречената стелт-технологија, во моментот на пуштање во сериско производство дојде до нивото на ловец-пресретнувач од петтата генерација. Згора на тоа, според некои свои карактеристики Су-35С дури и го надминува единствениот ловец од петтата генерација кој денес постои во вооружувањето, американскиот F-22 Raptor. Така, радарот „Ирбис“ кој е поставен на Су-35С овозможува забележување на летачки објекти на рекордно големо растојание – до 400 километри, истовремено следење до 30, а гаѓање на осум цели. Американскиот F-22 има послаб радар: дометот на забележување му е максимум 300 километри. Освен тоа „Ирбис“ дава можност за оперативно забележување и следење до четири цели на земјата истовремено. Освен тоа, на Су-35С оперира навигациски систем кој автономно ја определува локацијата на леталото и параметрите на неговото движење во услови кога не постои сателитска навигација и врска со службите на земјата. Доколку се исклучи GPS или ГЛОНАСС, ловецот не може да „ослепи“.

Военото воздухопловство на Русија до крајот на 2015 година треба да добие четириесет и осум Су-35С. Фактички тоа се околу 50 ловци од петтата генерација, зашто Су-35С е практично идентичен со ПАК ФА според својот радиоелектронски комплет, според управувањето и вооружувањето. А, тоа значи дека воведувањето на класичниот ловец од петтата генерација, со задолжителна стелт-технологија, нема да изискува од пилотот големи напори за време на прилагодувањето на новиот авион, зашто оние што го совладале Су-35С мирно можат да преминат на Т-50. Ова значи дека преминот на петтата генерација ловци во руската војска не започнува во 2017, туку фактички веќе сега.

Оние што го совладале Су-35С мирно можат да преминат на Т-50. Ова значи дека преминот на петтата генерација ловци во руската војска не започнува во 2017, туку фактички веќе сега.

Сега се определува идејно решение за машините што ќе загосподарат со небото во втората половина на 21 век. Не е особено важно дали тоа ќе биде летачки робот или класични пилотирани ловци-пресретнувачи, само со уште посовршена електроника и нов тип вооружување. Важно е дека руските конструктори на авиони ќе добијат во време во текот на работата над ловците од шестата генерација. И колку поскоро авионите Су-35С ќе дојдат во единиците во што поголем бој, толку поуспешно ќе започне работата на новата генерација ловци-пресретнувачи.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња