Повеќенаменските ловци Су-30МКИ кои се наоѓаат во состав на ВВ на Индија успешно се спротивставија на пакистанските борбени авиони на небото над Џама и Кашмир. Како што соопштија извори од индиската армија, авионите од руско производство покажале значително поголеми маневарски способности од противникот, бидејќи успеале да избегнат непријателски ракети од класата „воздух-воздух“, пренесува рускиот интернет-портал мк.ру.
„Навремените и од тактички аспект правилни дејствија на авионот Су-30МКИ овозможија да се избегнат непријателските без загуби. Делови од истреланите ракети паднаа источно од градот Раџури во државата Џаму и Кашмир. Во таа прилика е рането едно цивилно лице“, го цитира интернет-порталот „Хиндустан Тајмс“ командантот на индиското воздухопловство.
Индиската војска, исто така, ги демантираше наводите на Пакистан во кои се тврди дека пакистанската војска успеала да собори Су-30МКИ. Според изворите презентирани од индиската страна, нивниот северен ривал ги крие сопствените загуби кои се последици на минатонеделната воздушна битка. Откако беше соборен индиски ловец Миг-21 пакистанските авиони побрзаа да ја напушти зоната на судирот, плашејќи се дека би можеле да се соочат со помодерните ловци Су-30МКИ кои се наоѓаат во ВВ на Индија, наведува агенцијата.
Воздушната битка на небото над државата Џаму и Кашмир се случи на 1 март. Авион-ловец F-16, кој се наоѓа во состав на ВВ на Пакистан, успеа да собори индиски Миг-21-93 „Бизон“. Тогаш пакистанските медиуми победоносно ја објавија веста дека успеале да соборат и Су-30МКИ, но за разлика од остатоците на авионот МиГ-21 и заробениот пилот, тоа свое тврдење не го поткрепија со ниеден доказ.
Военото воздухопловство на Индија поседува во својот состав околу 250 ловци Су-30МКИ. Голем број авиони од овој тип кои се наоѓаат во индиското воено воздухопловство се произведени во Индија со помош на компоненти од руско потекло. Врз основа на овој авион подоцна е развиен моделот Су-30СМ кој спаѓа во категоријата на генерацијата 4 ++, и со кој се опремува исклучиво руската армија. Овој модел на повеќенаменски ловец претставува најсовршена верзија на семејството авиони Су-30.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче