Сахни: За Индија поразумно ќе биде да го купи Су-30 наместо францускиот Рафал

Главниот уредник на авторитетното воено списани Force Паравин Сахни изјави дека доколку Индија добие поевтин авион со голем радиус на дејство, кој може да носи истовремено повеќе товар, тоа ќе биде за неа добитна комбинација.

Рускиот ловец Су-30МКИ е познат на индиските Воздушно-воени сили, па затоа би било поразумно да се набави тој авион на местото на францускиот Рафал, смета главниот уредник на военото списание Froce Правин Сахни.

Графикон: Повеќенаменски ловец Су-30

Претходно индиските ВВС изјавија дека Министерството за одбрана на Индија може да се откаже од купувањето на францускиот авион Рафал, кој победи на тендерот во 2012 година, и наместо тој вид авион, да го купи рускиот Су-30МКИ. Меѓу причините за откажувањето од Рафал се наведува и зголемената цена на договорот, како и откажувањето на Франција да ги предаде технологиите на индиската страна.

„Су-30МКИ би бил подобар од една едноставна причина: овој авион е веќе познат во Индија. Неодамна ВВС на Индија извршија генерален ремонт на првиот Су-30 кој беше испоачан во Индија“, забележа Сахни.

Како што тврди експертот, Су-30МКИ чини двапати помалку, а освен тоа, Су-30 е авион од потешката класа, што значи дека може да носи повеќе борбен товар.

Во 2012 година беше објавен тендер за набавка на 108 авиони, на кој победи францускиот авион Рафал. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња