Нагло сопирање со рамнината на фузелажот, превртување во место и исто толку драстично забрзување. Отстрана изгледа како „Руските витези“ да го прават невозможното - нивните борбени авиони Су-30 буквално танцуваат на небото над аерокосмическиот салон LIMA-2017, кој се одржа во Малезија од 21 до 25 март. Тоа беше премиера на пилотажната група и на нивните нови машини.
По своите борбени способности и антенски карактеристики овој авион е значително посупериорен од Су-27 (на чија база е создаден) и во моментов се смета за еден од најдобрите повеќенаменски борбени авиони во светот.
Благодарение на високоефикасната интегрална аеродинамична шема, системот за управување со вектор на потисок на моторот Ал-31ФП и на управувањето со предната аеродинамична површина тој стана првиот сериски авион со надманеварност.
Според пилотите сето тоа обезбедува апсолутна супериорност на Су-30МКИ ( „И“ значи индиска верзија) при блиска воздушна борба.
„Су-30МКИ е првиот во светот извезен борбен авион, опремен со борд антени со фазна низа која обезбедува истовремено откривање, следење и напад на значителен број цели“, изјави за „Руска реч на македонски“ тест-пилотот од корпорација „Иркут“, херојот на Русија Валериј Аверјанов.
Според него тоа е и првиот руски борбен авион со отворена архитектура на патната радиоелектронска опрема. „Ваквото решение суштински ја ублажува и модернизацијата на авионот, и неговото прилагодување кон специфичните барања на конкретниот клиент“, додава тој.
Како што забележува Аверјанов, надманеварноста на новата машина обезбедува и супериорност при блиска борба. „Тоа дава можност да се премине во режим на енергичен маневар, овозможува побрзо да се користи оружјето и ја зголемува безбедноста на маневрите“, додава тој.
При тоа машината, за разлика од другите нови руски авиони, дозволува да летаат две лица. „Зошто Су-30СМ, а не Су-35? Фактички авионот овозможува да се вршат исти задачи, какви што исполнува и Су-35. Но, Су-30СМ е двосед. Тој е поудобен, има повисок комфор за пилотите. Во време на таквите летови едниот може да пилотира, а вториот да ги извршува функциите на офанзива“, вели во интервју за државната агенција ТАСС командантот на воздухопловните сили, заменик-командантот на ВКС генерал-полковник Андреј Јудин.
Според шефот на Меѓународната лабораторија за механика и енергетски системи на Универзитетот за информатички технологии Павел Булат, пилотажната група дошла во Малезија за да ги демонстрира можностите на извозната варијанта на машината пред потенцијалните купувачи.
„Русија има желба да го испорачува Су-30МК на Блискиот Исток, Индонезија и Алжир.' Витезите' извршија демонстративни летови пред потенцијалните клиенти на корпорациите „Иркут“ и „Рособоронекспорт“, додава експертот.
Според него главен конкурент на руската машина е францускиот Rafale.
„Двете машини се со споредлив боен потенцијал, но 'Французинот' чини двапати повеќе и секогаш се продава без трансфер на технологијата. Покрај тоа, Rafale сепак е од класата на лесните авиони. Додека Су-30 е тежок борбен авион со далечина на летот до 6.000 километри“, вели Булат.
Тој нагласува дека една од предностите на Rafale е и неговата подобрена активна фазна решетка во споредба со Су-30МК.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче