Су-30МКИ
APВо Индија претстојната набавка на француските ловци „Рафал“ е третирана како „зделка на столетието“. Француската компанија победи на тендерот во кој учествуваа и други познати фирми – „Локид Мартин“ (САД) со авионите F-16, „Боинг“ со авионите F/A-18E/F, СААБ (Шведска) со својот авион Gripen и најновиот руски ловец МиГ-35. Според зборовите на руските експерти, одлуката на Индија да ги набави француските ловци не била поврзана толку со желбата индиското воено воздухопловство да добие нови летала колку со стремежот да добие нова технологија за производство на многуте склопови, опремата и механизмите на ловечкиот авион. Меѓутоа, Франција одби да ѝ ги стави своите технологии на располагање на Индија.
Поради тоа сега оваа зделка може да биде доведена во прашање. Индија размислува за набавка на дополнителен број руски авиони Су-30МКИ. Индијците сметаат дека тој ловец е еден од најдобрите. Тој овозможува уништување на непријателски цели во радиус од 130 километри, додека тој дијапазон кај авионот „Рафал“ е далеку помал. Покрај тоа, изданието Military Watch пишува дека францускиот ловец развива помала брзина, има полоши маневарски можности и носи помалку полезен товар. Покрај тоа, од распишувањето на тендерот скокнаа и цените на овие француски авиони.
Сето тоа може да биде причина за откажување од авионите „Рафал“ и купување на руски Су-30МКИ. Освен тоа, Индија планира да модернизира низа руски Су-30МКИ и да ги вооружи со новата ракета BrahMos.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче