Убиец на бродови: СУ-30МКИ ќе може да носи пет ракети BrahMos-NG кои се три пати побрзи од звукот

Youtube
Воено-техничката соработка меѓу Русија и Индија беше крунисана на воздухопловно-космичкиот саем „Аеро Индија 2019“ со приказ на најновиот производ на заедничката руско-индијска компанија BrahМos Aerospace. Се работи за суперсоничната ракета BrahMos-NG од класата „воздух-земја“, која нема пандан во регионалното опкружување. До 2024 година оваа компанија планира демонстрација на хиперсонична ракета BrahМos-2.

Индија е земја која е најголем увозник на оружје во планетарни рамки. Доволно е само да се наведе овој податок па да ја замислете жестокоста на конкуренцијата која се обидува да се пробие на нејзиниот пазар и да „зграби“ за себе дел од колачот. Сепак, без оглед на навистина огромниот притисок на кој раководството на оваа земја е секојдневно изложено (неверојатната одлука на администрацијата на САД на сите земји кои имаат развиено воено-техничка соработка со Русија да им се воведат санкции), соработката со Москва не само што се задржа, туку има тенденција да се прошири до невидени граници, пренесува интернет-порталот РГ.

Една од сензациите на воздухопловниот саем „Аеро Индија 2019“ беше соопштението за заедничка работа за изработка на хиперсонична ракета од класата „воздух-земја“ BrahMos-2. Како што изјави генералниот директор за маркетинг и извоз во рамките на руско-индиската компанија „BrahMos Aerospace“ Правин Патхак, ракетата ќе биде направена и тестирана најдоцна до 2024 година.

Крстосувачките ракети со копнено, поморско и воздушно базирање од серијата BrahMos се веќе оперативни во индиската армија. Денес тоа е веројатно најдобрата крстосувачка ракета во својата класа која се наоѓа во вооружувањето на армиите во поширокиот регион.

Универзалната крстосувачка ракета BrahMos е проектирана врз основа на руската противбродска ракета „Јахонт“. Ракетата го доби името по двете реки, една индиска и една руска: Брамапутра и Москва.

BrahMos развива брзина од 2,8 до 3 маха, што е 3,5 пати повеќе од брзината на американската крстосувачка ракета „Харпун“. Може да достигне висина до 15 километри, додека нејзината најниска висина на летање е 10 метри. Кон целта се наведува со комбинација на инерцијално и активно радарско самонаведување во завршницата на нејзината траекторија, каде прави максимално отстапување од метата во вредност од еден метар. Нејзината активна радарска глава за самонаведување ја зафаќа својата цел на далечина до 80 км и се устремува кон неа со голема прецизност. Кај неа е во целост применет принципот „истрелај и заборави“. Може да уништува неподвижни и подвижни цели, кои остро маневрираат за време на нивното движење.

Ракетата носи пробојно-деструктивна боева глава тешка од 200 до 450 килограми (според некои податоци може да носи атомска), а нејзиниот максимален дострел во зависност од типот на ракетата се движи од 300 до 600 км.

Извесно е дека повеќенаменските ловци од потешка класа Су-30МКИ во својот арсенал имаат самонаведувани крстосувачки ракети од типот BrahMos. Су-30МКИ може да носи една ракета BrahMos во својата изворна верзија, што во основа е и доволно за големиот дијапазон на потенцијални цели кога се знаат карактеристиките на самата ракета. Меѓутоа, руско-индиската компанија работи на „полесна“ верзија на оваа ракета BrahMos-NG, која според своите габарити ќе биде многу помала од изворната верзија. Се претпоставува дека Су-30МКИ ќе може да носи до пет такви ракети. Покрај борбениот авион Су-30МКИ, BrahMos-NG ќе може да ги носи светло-тактичките ловци на МиГ-29. Претпоставката е дека оваа ракета ќе има опсег до 300 километри, што е многу респектабилен резултат. Се претпоставува дека Су-30МКИ ќе може да носи и до пет такви ракети. Покрај борбените авиони Су-30МКИ, BrahMos-NG ќе можат да носат и лесните тактички ловци МиГ-29. Претпоставката е дека оваа ракета ќе има опсег до 300 километри, што претставува многу респектабилен резултат.

Неодамна во индиските, како и во дел од руските медиуми, се појави информацијата која ја лансираше една странска конкурентска компанија, а сѐ со цел да се дискредитираат авионите-ловци МиГ-29. Наводно, МиГ-29 е надминат борбен авион, чија набавка е сосема бесмислена. Не помина многу време, а Военото воздухопловство на Индија издаде барање за негови потреби да се набават дополнителни две ескадрили МиГ-29. Според заменик-директорот на Федералната служба за воено-техничка соработка Анатолиј Панчук, во овој момент се водат преговори по повод ова барање. Неофицијално вкупниот број апарати МиГ-29 за кои е заинтересирана Индија е уште поголем број авиони отколку што беше објавено во медиумите. Значи, обидот за водење информациона војна со цел дискредитација на овој авион доживеа целосен дебакл.

Русија им предложи на своите индиски партнери организација на производството на руските авиони МС-21, Ил-114-300 и Бе-200 на територијата на Република Индија. Доколку дојде до реализација на овој предлог, Русија и Индија уште повеќе ќе ги зацврстат своите меѓусебни односи. Покрај тоа, во подготовката е меѓувладина спогодба за основање на погони за производство на автоматски пушки „Калашников“ во оваа земја. Сето тоа може да се потпише уште годинава. Ова на заинтересираните медиуми им го изјави директорот на „Ростех“ за меѓународно воено-техничка соработка и регионална политика Виктор Кладов.

Покрај тоа, Русија има планови на индискиот пазар на оружје и воена техника да ја претстави својата гама беспилотни летала. Ова го соопшти рускиот министер за индустрија и трговија Денис Мантуров во текот на својата посета на Воздухопловно-космичкиот саем „Аеро-Индија 2019“. Едноставно не можат да се избројат сите зделки кои се потпишани и кои веќе се појавуваат на хоризонтот. Генералниот заклучок е дека Русија и Индија ги очекува уште подинамичен период на воено-техничка соработка и секаква друга соработка во годините што доаѓаат.

Покрај тоа, Русија има планови на индискиот пазар на оружје и воена техника да ја претстави својата гама беспилотни летала. Ова го соопшти рускиот министер за индустрија и трговија Денис Мантуров во текот на својата посета на Воздухопловно-космичкиот саем „Аеро-Индија 2019“. Едноставно не можат да се избројат сите зделки кои се потпишани и кои веќе се појавуваат на хоризонтот. Генералниот заклучок е дека Русија и Индија ги очекува уште подинамичен период на воено-техничка соработка и секаква друга соработка во годините што доаѓаат.

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња